Решете ја болката за 5 минути

Но, со помош на овој едноставен трик, забот ќе престане да ве боли, барем додека не стасате до најблискиот стоматолог.

Истражувањето спороведено во Kанада во осумдесетtите години од изминатиот век покажало дека забоболката е можно да се отстрани или барем да се ублажи без отворање на устата.

Сè што ви е потребно е коцка мраз која ќе ја ставите на местото помеѓу палецот и показалецот. Нежно тријте го мразот по тоа подрачје од пет до седум минути.

Токму овој дел од дланката е местото на кое се наоѓаат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка во мозокот, кој го контролира нивото на болката во рацете и главата.

Триењето со мраз ги блокира тие центри, а 90 отсто од испитаниците кои учествувале во истражувањето потврдиле дека оваа техника им ја ублажила главоболката.

Опасниот вирус може да биде опасен ако не се открие на време!

Луѓето на возраст над 20 години исто така имаат потешка клиничка слика, а кои и не знаат дека работата на некој нивент орган е нарушена сè додека новиот вирус не го ослабне целиот нивен организам.

Деновиве на Балканот (Хрватска, БИХ, Србија…) расте бројот на луѓе со корона, а добар дел од нив сега се млади на возраст меѓу 20. и 50. години, од кои некои имаат потешка клиничка слика. Експертите објаснуваат дека младите можат да имаат и хронично заболување или нарушена работа на органите, за што досега ниту не знаеле, и дека овој вирус наоѓа слаба точка со цел да го ослаби целиот организам.

Само во Белград, повеќе од 210. студенти во моментов се позитивни за коронавирус, а имунологот Срша Јанковиќ објаснува дека зголемувањето на бројот на помлади пациенти, исто така, го рефлектира механизмот на инфекција.

„Ризикот од компликации кај младите е помал отколку кај постарите лица, но секој може да има Ахилова пета, дури и да не знае тоа. Младите луѓе не се најризична група, но во секоја група има луѓе кои се чувствителни, без притоа да го знаат тоа“, рекол д-р Јанковиќ и додал дека сè додека коронавирусот е присутен во популацијата, тој има доволно потенцијал да им наштети на граѓаните.

Инфектолог и долгогодишен директор на Клиниката за инфективни болести во Белград, проф. Д-р Драган Делиќ објаснува за Курир.рс дека претпоставува дека помладите луѓе сега се разболуваат повеќе, затоа што тие се движат повеќе и со самото тоа се повеќе во изворот на инфекцијата.

„Постарата популација е секако поодговорна и заштитена, додека помладите се движат повеќе, од натпревари во клубови и со тоа имаат повеќе шанси да се разболат. Во однос на фактот дека сега доаѓаат млади луѓе со тешка клиничка слика, мислам дека станува збор за игра на статистика. Ако има повеќе млади пациенти, постои поголема шанса некој од нив да развие потешка слика или да има некоја слабост за која ниту не знаел. Ова не е доказ и не постои меѓународна студија со која би се потврдило дека вирусот се сменил, станал поразен или почнал да ги напаѓа повеќе младите“, вели д-р Делиќ.

Извор: Екран.мк

Короната нема да исчезне, два фактора се клучни за заразата

Водечкиот германски виролог -Штрик изјавил дека постојат два фактори кои што се карактеристични за респираторните вируси или пак за коронавирусот, кои што придонесуваат во инфекцијата – близината и времето.

Професор Хендрик Штрик кој  е еден од водечките германски виролози и директор на Институтот за вирологија и истражување на ХИВ при Универзитетот во Бон, деновиве изјавил дека не очекува дека коронавирусот ќе исчезне, туку дека и ќе стане нов вид на постојано присутен вирус.

„Моментално во светот постојат четири ендемски коронавируси од кои човекот се заразува, и мислам дека SARS-CoV2 се развива во таков вирус“ – изјавил тој.

Штрик навел дека вирусот не може да се уништи додека не се пронајде вакцина.

„До денес не сме ја пронашле вакцината против патогените човечки вируси корона, така што мора да се интегрира SARS-CoV2 во нашиот секојдневен живот“ – истакнал тој во интервју за „Спутник“.

Зборувајќи за главните фактори на заразата, Штрик изјавил дека постојат два фактори кои што се карактеристични за респираторните или пак корона вирусите кои што водат до инфекција – близина и време.

„Доколку се наоѓате покрај заразена личност и поминувате со неа многу време, најверојатно е да ја добиете инфекцијата“ – нагласил Штрик и додал дека ризикот од инфекција дополнително се зголемува во затворените простории, затоа што отсуството на ветер и сонце значи дека капките од вирусот можат полесно да опстанат во воздухот.

Тој навел дека маските се ефикасни затоа што можат да го намалат ризикот од инфекција SARS-CoV2, како што покажало едно истражување.

„Но, доколку маската се користи неправилно, доколку ја носите неколку недели, доколку не се пере, непрекинато се допира, тогаш таквата маска е погодна за бактерии и вируси“ – изјавил Штрик и предупредил дека тоа може да предизвика и други болести.

Дали е пронајден лек за kорона вирусот?

Дали само неколку недели се во прашање кога ќе биде можно масовно производство на лeкот кој ќе се покаже како најуспешен?

Светската здравствена организација  очекува во следните две недели да ги добијат првите резултати од клиничкото тестирање на лeковите кои би можеле да бидат ефикасни во лечењето на Ковид-19, изјави генералниот секретар на Организацијата Тедрос Адхан Гебрејесус.

Шефот на СЗО за вонредни ситуации Михаел Рајан предупреди дека не е мудро да се предвидува кога вакцината за Ковид-19 ќе биде подготвена за масовна дистрибуција.

Тој изјави дека е прашање кога ќе биде можно масовно да се почне со производство на лeкот за Ковид-19.

Борбата може да започне

Инаку, деновиве и Европската комисија даде условна дозвола за ставање во промет на лeкот Ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лечење на Ковид-19 со дозвола на ниво на Европската унија.

Во Брисел наведуваат дека одобрувањето за Ремдесивир е издадено по забрзана постапка по препорака на Европската агенција за лeкови која ја усвоиле и државите членки на ЕУ 27. Се додава дека овој пат издавањето на одобрението траело само недела дена од препораката на Европската агенција за лeкови во однос на вообичаените 67 дена колку што на Европската комисија обично и е потребно за да одобри некој производ.

Комесарката задолжена за здравје Стела Кириакидес нагласува дека со ова е направен значаен чекор во борбата со вирусот

„Фактот дека одобрението го дадовме за помалку од месец дена од поднесувањето на барањето, покажува колку ЕУ е подготвена што побрзо да реагира кога ќе се појави некој нов лeк. Ќе ро поместиме секој камен обидувајќи се да обезбедиме ефикасно лечење или вакцина против корна, изјави Кириакидес.

Во Комисијата наведуваат дека Ремдесивир сега е дозволен за условно да се стави во промет што е еден од механизмите на ЕУ направени за да се осигура ран пристап до лeковите потребни како одговор на итни ситуации како што е на пример и сегашната пандемија.

Што е Ремдесивир?

Ремдесивир е антивирусен лeк развиен од американската биофармацевтска компанија „ Gilead Sciences.“. Тоа е нуклеотиден аналог, поточно аденозински аналог, кој се вметнува во вирусните РНК синџири, предизвикувајќи нивно предвремено прекинување. Овој лeк се изучува како можен пост-инфективен третман на КОВИД-19 (предизвикан од РНК вирус). На 29 април 2020 година, американскиот Национален институт за алергија и заразни болести ги објави прелиминарните резултати од студијата која покажува дека ремедивир го скратува времето за закрепнување за хоспитализирани пациенти со напреден СОВИД-19 и заболувања на белите дробови.

Ремдесивир првично беше развиен за лeкување на болест предизвикана од вирусот ебола (кој исто така е РНК вирус).

Ремдесивир е создаден и развиен од „Gilead Sciences“, под водство на научникот Томас Цилар, како третман за заболување од вирусот ебола и инфекција со вирусот Марбург. Оваа компанија откри дека Ремдесивир има антивирусно ин витро активност против повеќекратни филовирус, пнеумовируси, парамиксовируси и коронавируси.

Во наредните шест месеци ќе се одреди иднината на Европа

Покрај тоа што Европската унија забрзано работи во борбата со корона вирусот, Ангела Меркел ги повика европските лидери да постигнат договор и за фондот за помош во справување со економските последици што ги предизвика пандемијата на која крајот се уште не и се гледа.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа се соочува со најтешката ситуација во историјата, но истовремено и предупреди дека пандемијата со корна вирусот не исчезнала.

„Секој ден гледаме дека вирусот НЕ си замина“, изјави Меркел на заедничката видео конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Според нејзините зборови, пандемијата ја стави на тест способноста на Европа да се држи заедно. Затоа германската канцеларка ги повика европските лидери да постигна заеднички договор за фондот за помош на ублажување на економските последици на коронавирусот.

Фон дер Лајен зборувајќи од Брисел изјави дека почетокот на германското претседавање со Европската Унија доаѓа во клучен момент и додаде дека „во наредните шест месеци ќе се одреди иднината на цела Европа“.

Популарно