Откриена нова вакцина против туберкулоза

Секоја година, 10 милиони луѓе во светот заболуваат од туберкулоза, во моментов водечка причина за смртни случаи од заразни болести, а овој тренд би можел да се промени дури и со делумно ефикасна вакцина, пишува Њујорк тајмс.

Новата експериментална вакцина заштити околу половина од луѓето што ја примиле, а може да означи пресвртница во борбата против туберкулозата, најсмртоносна заразна болест во светот, од која годишно умираат 1,6 милиони луѓе, објавија неодамна научниците.

Иако ефективноста на вакцината од 50 проценти е далеку од идеалното, сепак, тоа значи спасување милиони животи.

Кога се појавија прелиминарни резултати од ново испитување на вакцината пред една година, Светската здравствена организација оцени дека таа претставува „голем научен успех“.

Сепак, научниците посочуваат дека е неопходно да се тестира вакцината кај различно население.

– Вакцината е ветувачка и веројатно е подобра од вакцината BCG која е откриена пред сто години, рече Марио Равиjон, експерт за општо здравје на Универзитетот во Милано, кој 14 години ја водеше програмата на СЗО за глобална борба против туберкулозата.

Предлог за денешен ручек

Крцкав компир од рерна со колбаси – одличен ручек!

СОСТОЈКИ:

1/2 кг домашни колбаси

500 гр компири

масло

сол

бибер

рузмарин

оригано

4 чешниња лук

листови магдонос

слатка и лута пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите исчистете ги и исечкајте ги на тенки листови. Посолете, додајте зачини, намастете и измешајте.

Обложете плех со хартија и во средина ставете колбаси. Компирте ставајте ги на куп еден покрај друг во круг околу колбасите. Уште малку прелијте со масло и печете на 200 степени околу 50 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Предлог за денешен ручек

Рибата подготвена на овој начин има посебен вкус.

СОСТОЈКИ:

800 гр свежа бела риба (ослич)

1 веза магдонос

1 веза копар

масло

сол

бибер

1 лимон

2 лажички зачин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Рибата исчистете ја, измијте ја и исечкајте на парчиња. Посолете, побиберете, прокапете лимон и посипете со зачин. Ставете ги на фолија која сте ја премачкале со маслиново масло.

Од горе обилно посипете со сечкан магдонос и копар, а на секое парче риба ставете парче лимон.

Замотајте во фолија, ставете во плех и околу половина час печете во рерна загреана на 200 степени.

Послужете со варен компир или друг зеленчук по избор.

Извор: Готви.мк

Оваа намирница многумина ја избегнуваат, a може да го реши проблемот со несоницата

Бидејќи чоколадата го зголемува нивото на хормонот серотонин, кој е задолжен за производство на мелатонинот, малку чоколада би можело да ги реши проблемите со несоницата, вели нутриционистката Керис Марсден.

– Во текот на целиот свој живот и сето она што го научив за нутриционизмот не помина еден ден без да изедом малку чоколада. Таа го зголемува серотонинот, кој ви помага за добро да спиете. Не може да биде поедноставно – рекла Керис Марсден.

Со оваа предност, научниците од Универзитетот во Лондон тврдат дека луѓето што јадат црна чоколада ги намалуваат шансите за депресија.

Истражувањето ги разгледало податоците за 14.000 возрасни лица, вклучително и нивното консумирање чоколада, симптомите на депресија, висината, физичката активност и другите хронични здравствени проблеми.

Анализата на податоците откри дека учесниците кои јаделе црнa чоколадa двапати во 24-часовен интервал, имале 70 отсто помала веројатност за развој на депресија во однос на оние што не ја јаделе.

– Ова истражување обезбедува докази дека консумирањето црна чоколада може да биде поврзано со намалените шанси за развој на клиничката депресија – рекла д-р Сара Џексон, која ја водела студијата.

Сепак, д-р Џексон верува дека треба да се спроведат повеќе истражувања за да се расчистат сите сомнежи за односот помеѓу чоколадата и депресијата.

„Можно е депресијата да предизвикува пад на интересот за чоколада, или некои други причини доведуваат до тоа луѓето да консумираат помалку чоколада па да станат депресивни. Доколку се утврди цврста врска помеѓу заштитниот ефект кој консумирањето чоколада го има врз телото, треба да се утврди кој вид чоколада би било најдобро да се консумира и која количина е оптимална. Но, чоколадата не може да дејствува сама – рекла д-р Џексон, пишува британскиот „Мирор“.

Според научниците, клучот за позитивно влијание врз нашето расположение е да јадеме чоколадо со уживање.

Популарно