ФОТО: По неговата трансформација изгледа како друг човек

Иван Тодоровиќ од Белград споделил на Инстаграм, фотографија која предизвикала бројни позитивни реакции, а која покажува дека гидините навистина не се важни во споредба со вложениот труд за добро тело.

Иако е врежано правилото дека тинејџерите и децата по природа се фит, дури и доколку се хранат нездраво, оваа фотографија го покажува спротивното.

На левата фотографија Иван има 13 години и на пат е да си наметне големи проблеми со килограмите. На деснста страна е Иван денес - згодно момче од 28 години по кое секоја девојка се врти.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ive nekad i sad 🤣 15god kasnije 😬 #15yearschallenge 😌

A post shared by Ivan Ivak Todorovic ✈ (@ivanivaktodorovic) on

-Нема некоја посебна мудрост во оваа трансформација. Просто почнав да се хранам здраво и почнав со многу физички активности, а трчав и секојдневно - вели Иван за Жена.рс

Денес, вели дека е свесен за гојазноста која се создава од премногу внесување на храна, особено јаглени хидрати.

-Намалив на јаглени хидрати, ги зголемив протеините, а јадев и многу зелени јаболки. Трчав на почетокот по 5,10 километри дневно, а потоа зголемив - вели Иван кој е висок 190 сантиметри. Кога почнал со трансформацијата, имал 127 килограми, а на крајот на процесот имал 75.

-Изгледот го одржувам со секојдневни тренинзи, трчање и исхрана базирана на протеини - рекол Иван.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Lagani četvrtak 👌🏻🏋🏻‍♂️ #gym #gymtime #morning #exercise #fitness #tattoo #nike

A post shared by Ivan Ivak Todorovic ✈ (@ivanivaktodorovic) on

Предлог за денешен ручек

Зимско вариво

СОСТОЈКИ:

300 гр колбаси Пекабеско

2 лажици масло

60 гр кромид

500 гр компири

200 гр моркови

100 гр корен од целер

1 лажица зачин

црн бибер

сол

240 гр конзервирана леблебија

150 гр конзервирана леќа

150 мл доматен сос

70 гр милерам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Колбасите ситно исечкајте ги на кругови и ставете ги на загреано масло. Кратко пропржете ги и со мешање додајте исечкан кромид, потоа коцки исечкан зеленчук. Прелијте со вода, додајте зачин, сол, бибер, исцедена леблебија, леќа и пасирани домати. Кога ќе зоврие гответе околу 15 минути. Готовото вариво посипете го со сечкан магдонос.

Предлог за денешен ручек

Проја со спанаќ…

СОСТОЈКИ:

170 гр пченкарно брашно

120 гр ориз

150 гр бело брашно

1 кесичка прашок за печиво

1 чаша масло

1 чаша млеко

1 чаша јогурт

3 јајца

150 гр издробено сирење

1 рака спанаќ

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте брашно, додајте прашок за печиво и сол. Додајте ги останатите состојки и добро измешајте сите состојки да се соединат. Ставете во плех обложен со хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна на 220 степени додека пројата не порумени.

Послужете со јогурт.

Предлог за денешен ручек

Ќофтиња со кашкавал

Состојки

600 гр мелено месо

(пола јунешко,пола свинско месо)

1 јајце

1 главица кромид 2 чешниња лук

150 гр кашкавал ајдамер

2 парчиња двопек(или сув леб)

Од зачини сол.црн пипер,црвен пипер,оригано,магданос 

Подготовка

Ќофтиња со кашкавал Во меленото месо ги додаваме зачините, јајцето, запржениот кромид и лук, двопекот, претходно полиен со малку млеко. Од сите состојки замесуваме тесто за ќофтиња. Ги делиме на помали топчиња. Во секое топче ставаме по 1 коцка кашкавал(1*1*1 цм). Ги валкаме во брашно и ги оставаме малку во фрижидер. Потоа ги пржиме од сите страни во зејтин

Популарно