Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Во текот на денешниот ден не променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на истокот. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал помеѓу 7 и 14, а  дневната  во интервал  од 12 до 22 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 1 степени, а дневната температура до 20 степени.

Поповски: Во следните денови доста нестабилно, свежо и со почести врнежи

До крајот на денов, времето во нашата држава ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови има помали услови за локален краткотраен дожд.

Ќе дува умерен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени. Во следните денови нашата територија ќе биде под влијание на релативно влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе условува почести врнежи од дожд, особено од пладневните часови па натаму.

Во претпладневните часови пак ќе има и сончеви периоди а ќе дува и умерен, особено долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат малку пониски од вообичаените, односно ќе биде посвежо од нормалното за овој дел од годината, особено во вторник и во среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Не се исклучува можноста поради релативно ниските температури и северниот ветер на највисоките планински врвови за провејување на сосема слаб снег, особено утре и во среда кога ќе биде и најсвежо.

Славчо Поповски

Претпладне сончево со мала облачност, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Претпладне не очекува  сончево со мала облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од  19 до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6

Во Скопје претпладне сончево, а попладне променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд. Попладне ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска не очекува  сончево време  со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од  19 до 25 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда

Популарно