Видео: Дали се овие професионалци

 Накит во вреднот од 135.000 евра е украден од златара  лоцирана во центарот на Сплит,  а хрватските власти објавија и видео снимка на која се гледа целиот грабеж кој траел само две минути.

На снимката се гледа тројца облечени во бели комбилизони, со ракавици и воки токи, а еден од нив има и слушалка во уво

Тие во големи торби го истураа накитот, а се траеше помалку од две минути, пренесуваат тамошните медиуми.

Сопственикот на златарата рекол дека се украдени 135 илјади евра и дка крадците ја знаеле шифрата за вратата со решетка, по што ја искршиле стаклената врата и влегле во златаррата и го украле сесто злато од ормарите како и касата.

Сопругата на Камчев дојде на судење со ташна од 8 илјади долари и капут...

Пред два дена  Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев се појави на судењето во улога на сведок за случајот Рекет ги „размрда“ сите со нејзиниот стил.  Таа може, треба и едноставно сака да изгледа скапо, а стилски одлично. 

Ана традиционално се облекувала  „скапо“ и секогаш екстравагантно,  така беше и во судот.

Фамозниот бел капут за кој веќе пишуваа порталите не е нешто за кое се паѓа во несвест. Тоа дека е на модната куќа „Сен Лоран“ и дека чини 3.500 евра треба да ве чуди? Сензација не е, има капути и по 20.000 евра. Камчева дури одбрала поевтина варијанта, не дека не можела поскапата.

Ама, за чантата не може да се каже такво нешто. Во судот ја носеше легендарната Биркин чанта на брендот „Ермес“. Одлична, совршена, синоним за престиж. За вакви чанти некогаш познатите чекаат и по една година за да им бидат изработени. Според она што го најдовме на интернет, ова скапоцено парче чини 7.999 долари на попуст, вистинската цена изнесува 10.000 долари. Изработена е од првокласна кожа, се заклучува со клуч и има метални детали во златна бојa

Видео: Невообичаен обид за бегство

Убиецот кој тврди дека Сатана му наредил да ја убие својата сестра, се обидел денес да избега од судницата  преку таванот!

Леонид Грејсер (18) бил снимен  од надзорните камери кои се качуваа низ дупката во таванот што претходно ја пробил со глава во московскиот суд Шербинска .

Шокираните полицајци гледале како Грејсер го скршил таванот на судницата и почнал да бега.

Во еден момент, тројца вооружени чувари го повлекле на нозе и користеле електричен шок.

Грејсер подоцна признал дека ја убил 21-годишната сестра Аријада Корол.

Корол била пронајдена гол со повеќе убодни рани во ходникот на станбениот блок каде  делеле стан со својот брат.

После злосторството полицијата го пронашла нејзиниот брат гол, наводно се молел.

Тој тврдеше дека Сатана или Луцифер го натерале да ја убие својата сестра.

Сведоците рекоа дека пред пристигнувањето на полицијата, убиецот цртал демонски симболи на телото на неговата сестра, како и на главата.

„Беше неопходно. Јас го направив она што требаше да направам“, рече Грејсер.

Соседите сведочеле дека ја слушнале жената како вреска пред да го најдат нејзиното тело.

Брат и сестра живееле во изнајмена состојба во делот наречен Нова Москва.

Била пронајдена е дрога во станот каде што живееле.

ВИДЕО: Што ќе се случи кога ќе умре Сонцето?!

На сите добри работи им доаѓа крај, па не е исклучок и нашето Сонце, кое го одржува животот на Земјата.

За да го илустрира ова, видеото подолу прикажува застрашувачка визуализација што покажува што ќе се случи кога нашата ѕвезда ќе изгасне.

Ѕвездите се полни со водород што согорува исклучително брзо, а кога гасот ќе исчезне, се проширува во гигантски „црвени џинови“, вшмукувајќи сè пред себе. Во случај на најновата снимка, ова ја вклучува и планетата Земја.

Како што се тврди, само прашање на време е кога нашето Сонце ќе стигне до оваа фаза на животот, што би можело да се случи за околу 5 милијарди години, така што моментално нема причина за паника.

Овие црвени џинови на крајот ги трошат своите надворешни слоеви, оставајќи ги зад себе остатоците.

Популарно