Наставниците мора да се „борат“ и со овие..

Голем дел од просветните работници  имаат проблеи во справувувањето со многу родителски карактери,  а некои од нив навистина не сакаат да им олеснат. Кога ќе почне учебната година, и родителите полека ја започнуваат својата мисија.

Треба да се предупредат наставниците и професорите во што е специфично нивното дете, што сака, а што не, дека има проблеми со ова и тешкотии со она.

Наставниците, покрај целата работа што ја имаат, добиваат уште малку дополнителна работа. Неретко на мета се дваесеттина различни карактери со кои треба да се знае да се излезе на крај. Според анкетите на интернет, ова се типови родители што и не им се баш омилени:

„Моето дете е посебно“-родители

Да, вашето дете е посебно, но на наставникот му е посебно секое дете во одделението. Многумина поради посебноста на нивните деца сметаат дека за нив не важат одредени правила  – од однесување на час до доаѓање навреме и слично. Тоа се, исто така, родители кои сметаат дека нивното дете никогаш не греши и дека не заслужува оценка помала од чиста петка.

„Сè мора да биде совршено“-родители

Секој сака детето да му биде меѓу најнапредните во одделението, но овие родители тоа го сакаат без нималку дополнителен труд. Петки, течно читање, сметање… сакаат сè да биде заработено со ангажманот на детето на час и постигнато брзо, без мака и премногу вложен труд. Иако наставничката се обидува да му објасни на детето дека, на пример, треба да чита пред спиење, овој родител ќе се обиде да најде какво било брзо решение за таа задача, само да не мора да ја заврши.

Напумпани родители

Постојат луѓе што кога ќе уочат проблем или мислат дека го уочиле, не одат со него директно кај наставничката. Наместо да се обидат да го решат на почетокот, во желба да постигнат поголем успех, одат веднаш кај директорот, психологот, дефектологот или некој друг во училиштето, па со тоа, според наставниците, често создаваат непотребни компликации, како за себе така и за другите.

Сеприсутни родители

Тоа се луѓе кои имаат способност да бидат на повеќе места во исто време и располагаат со моќи на телепортирање. Во училницата остануваат и откако другите родители веќе си отишле, некаде скриени во агол и ја проценуваат ситуацијата, во училишниот ходник се додека во него има акција и слично. Изгледа дека не се способни на детето да му дадат слобода и да му дозволат да погреши во некоја одлука.

Родител-дух

Да, неговото име секаде се споменува, но никој никогаш не го видел. Не се појавува на родителските состаноци, не се најавува на информации, ниту го испраќа детето до училиште. Поради таквите родители, наставниците се малку нервозни бидејќи знаат колку е важна присутноста на родителите за детскиот развој, па би сакале да остварат каков било контакт.

Родители што не познаваат граници

Наставниците не се ваши пријатели и дежурна служба од 0 до 24. Ако ги имате во вибер-група или ја поседувате нивната е-адреса, не значи дека треба да ги затрупувате со пораки, писма и сугестии неколку пати дневно или во 23 часот бидејќи нешто интересно ви паднало на ум.

Разведени родители-натпреварувачи

Динамично дуо кое споделува старателство, но во сè друго владее натпреварувачки дух. Се натпреваруваат во тоа како да се прикажат во најдобро светло, а спротивната страна во најлошо. Никогаш немаат исто мислење и очигледно е дека нивната комуникација за тоа што се случува во училиште е многу нестабилна. Во оваа трка детето е секогаш единствениот губитник.

Родители-шефови

Тоа се родители што работниот дух сакаат да го донесат и во училницата и да ѝ покажат на наставничката дека се многу успешни во својата работа. Тоа, исто така, би требало да значи дека таа е според хиерархијата некаде под нив. Наставничката не ја гледаат како партнер во одгледувањето на детето, туку како вработена. Вработена на која тие ѝ даваат плата бидејќи плаќаат даноци.

„Мразачи на наставници“

Што тргна лошо во оваа врска? Тоа никој не го знае, но се работи за вид родители кои не ја почитуваат просветната работа, па сметаат дека наставниците ја завршуваат работата студено, незаинтересирано и веројатно ја избрале заради долгите летни распусти. Родителите кои не сакаат наставници, исто така, сметаат дека тие само ги „кочат“ учениците и смислуваат начини како да им го загорчат животот. Баш како што и тие самите сакаат да им го направат истото на наставниците.

Драма-родители

Секој училиштен настан и инцидент се склони да го воздигнат во превисоки пропорции. Овие родители, освен тоа, ќе направат сè за да има резултати какви што тие сакаат. Ако, според нивниот суд, се случила некоја неправда, нема да престанат да зборуваат и да лелекаат додека секој родител, баба и дедо и дете во училиштето не бидат известени за тоа.

Пронајден непознат валцер стар 200 години, се верува дека е од Шопен

Досега непознат валцер е откриен во трезорот на американската Библиотека-музеј „Морган“ во Њујорк. За новопронајденото музичко дело, се верува дека го напишал полскиот композитор Фредерик Шопен, пред речиси 200 години.

Реткиот ракопис, имено, го открил кустосот Робинсон Меклејлан при каталогизациите. Тоа потоа дошло во рацете на стручњак за делата на Шопен, за да се утврди автентичноста на партитурата. Записот е датиран меѓу 1830 и 1835 година. Не е потпишан од Шопен, но може да се види неговиот препознатлив бас-клуч меѓу нотите.

– Она во што сме најсигурни е дека ова е напишано од раката на Шопен, на хартијата што тој ја искористил… Она што не е сосем јасно е дека тој ја компонирал музиката. Тука сум околу 98 отсто сигурен, а многу луѓе кои го слушнале веќе чувствуваат во стомакот дека ова звучи како Шопен, изјави Меклејлан.

Кинескиот пијанист Ланг Ланг го отсвири и сними валцерот за „Њујорк тајмс“ (New York Times) којшто ја откри приказната.

- Звучи многу како Шопен, со многу драматична темнина којашто се претвора во позитивно нешто. Прекрасно е. Ова не е најкомплицираната музика на Шопен, но и еден од најавтентичните стилови на Шопен што можете да ги замислите, изјави Ланг.

Валцерот содржи и мали грешки, но Меклејлан е уверен дека музичкиот запис е на Шопен. Композиторот кој пишувал претежно за солонастапи на пијано, почина на 39-годишна возраст во Франција во 1849 година. Тој често бил прогонуван од халуцинации, а се верува дека имал и епилепсија, според некои истражувачи.

Според Фројд, ова е единствениот начин да се препознаат глупавите луѓе: Една работа веднаш ги издава, внимавајте како се однесуваат

Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и таткото на психоанализата, меѓу другото, ни остави генијална мудрост и универзални изреки кои се актуелни во секое време.

Меѓу нив е и лекција што секој треба да ја запомни - како да препознаете глупави луѓе?

Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам

Легендарниот психијатар многу брзо ја открил човечката глупост, а ве советува како да ја откриете во една реченица:

„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, рече Фројд.

Така, кога ќе се најдете во ситуација кога ќе се засрамите од туѓото однесување или изјава или ќе ве изненадат некои луди постапки - веднаш знаете со кого си имате работа.

Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои

Не е ваш проблем, нивен е. Не ги намалувајте стандардите поради тоа и не правете што сакаат, изиграјќи кловнови. Верувај дека ќе те искористат во одреден момент, тоа е самата природа на луѓето.

Кога ќе им дадете еден прст - тие ја земаат целата рака. На крајот, и покрај се, навистина повеќе нема да ве ценат, па се што сте направиле и поминале ќе биде залудно. Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои. Не ја намалувајте цената на вашето достоинство за да стекнете доверба, и онака нема да ја добиете.

Ако не ви веруваат - не барајте изговори за нив

Кога не сакаат да веруваат - нема да веруваат. Ќе го искористи за некои лоши намери. Доволно е и покрај се да останете верни на себе и ќе видите како работите сами ќе се променат по некое време. Но, не очекувајте промени преку ноќ. Вистинските луѓе ќе ја откријат вашата вредност порано или подоцна.

Кога ќе најдете такви луѓе, држете ги како капка вода на дланка, а останатите игнорирајте ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но штом ќе ги препознаете, не дозволувајте ништо да ве одвлекува од нив. Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓе чие присуство ќе стане вистинската внатрешност на заедничкиот живот. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.

Најмалото бебе на светот и понатаму води вистинска борба за сопственото здравје

По година и пол поминати во болница, најмалото бебе во Британија конечно пристигна дома. Имено, Робин Чемберс е родена со само 312 грама, а нејзините родители Даниел и Шантел велат дека сега конечно може да започне нивната бајка.

Имено, Робин веднаш по раѓањето почнала да се соочува со бројни здравствени проблеми, поради што првите 18 месеци од животот ги поминала во болница. Борбата со хипоксично-исхемична енцефалопатија од трет степен, церебрална парализа, епилепсија и тешка апнеја доведоа до тоа да таа да мора да се храни преку назогастрична цевка.

Покрај сето ова, Робин се соочи и со инфекција на белите дробови од која за малку ќе завршеше трагично, но, за среќа успешно ја надмина.

„Бевме многу возбудени кога ја донесовме дома – тоа беше како остварување на сонот“, рече нејзината мајка Шантел.

Иако таа сега е во топлото семејно гнездо, борбата на малата Робин сè уште не е завршена. Нејзините родители сега треба да соберат средства за потребните третмани, терапии и опрема која е потребна за нејзиниот развој. За овој „луксуз“ потребни им се 100.000 фунти (околу 120.000 евра) а од собраните пари планираат да ѝ купат специјална опрема како трицикли, колички и седишта кои ќе помогнат во нејзиниот развој.

„За малку ќе ја изгубивме во мај, и тоа беше многу тежок период кога ја доби инфекцијата на белите дробови, но оттогаш таа само стануваше сè посилна. Во последните три месеци таа навистина добро закрепна и стана доволно здрава за да можеме да ја однесеме дома“, изјави Шантел, пишува „Daily Mail“.

Популарно