Чудо се случило во манастирот Туман кај Голубац

Како што пренесува Курир.рс. ново чудо се случило во манастирот Туман кај Голубац, во Србија. Откако на ова свето место, на Митровден, монахот прочитал молитва крај моштите на Св. Зосим, 15-годишно момче Драган од Скопје, кое боледувало од малиген тумор на бубрег, болеста се повлекла.

Момчето неодамна било во Турција, за да го оперираат од туморот кој метастазирал.

Меѓутоа, денес докторите останале запрепастени кога при двапати направен преглед со магнетна резонанса утврдиле дека туморот исчезнал.

Медиумите неведуваат дека ова е трето чудо во манастирот. Првото се случило на света Петка, второто на свети Лука и третото сега на Митровден, кога со помош на молитва се излечил од тешка болест 15- годишниот Драган.

Погледнете го сведочењето на неговата мајка Валентина Сандиќ од Скопје:

Предлог за денешен ручек

Роловано и сочно

СОСТОЈКИ:

бело месо од 1 пиле

150 гр тенка сланина

100 гр мортадела

100 гр чаден колбас

100 гр листови кашкавал

малку кисели краставички

1 лажица сенф

1 лажица намаз од сирење

3 чешниња лук

сол

бибер

кари

зачин по желба

листови магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото исчукајте го, посолете, побиберете, додајте сув зачин по желба. На алуминиумска фолија прво наредете листови сланина. Пркеу наредете исчукано и посолено месо, премачкајте со сенф, а преку наредете мортадела,а неа премачкајте ја со намаз од сирење, преку ставете чаден колбас, лук, па кашкавал, потоа листови кисели краставички. Додајте малку магдонос и кари.

Свиткјате заедно со фолијата и ставете во плех. Печете на 220 степени околу час и 20 минути.

Видео: Атиџе очекува Оскар

Во очекување и надеж дека ќе зачекори на црвениот килим, Атиџе си го живее својот стар живот, во, како што вели, медената земја и нејзиното село Бекирлија. „Очекувам да добиеме ‘Оскар’, се надевам дека и јас ќе прошетам на црвениот тепих. Ако не ме земат, пак ќе ме викаат да одам таму.

Мислам дека ќе земеме, тие ми викаат  тешко, има пред нас други, но мислам ќе победиме, некоја сила ме тера, ми кажува; А на радио кога слушнав за двете награди, знам дека едната оди кај нас“, вели Атиџе

За неа е голема радост што од селото, каде што е сама, од неодамна со братот стигнала да го види светот, но вели дека не сака да заборави која е и од каде е.„Никогаш нема да се откажам од пчелите, по нив секогаш ќе трчам и ќе се грижам за нив. Ништо нема да го смени тоа“, вели Атиџе во разговорот за „А1он“. По овој филм, најмногу вели дека се радува што почнале да доаѓаат луѓе во селото

 Атиџе ги чека Оскарите: Многу сум радосна, мала држава ама му покажавме на цел свет дека можеме"

Медена земја’ сум насмеана и весела зашто доаѓаат луѓе, се радувам што има луѓе. Многу сум радосна, многу ми се смени животот, му покажавме на целиот свет кои сме, тоа ми е битно. Сиромашна и мала држава, јас сум уште посиромашна, но му покажавме на светот“, раскажува Атиџе за своите импресии.

Јас не се радувам на богатството, туку на луѓето и здравјето, човек има и тешки и лесни денови, вели Атиџе

Не помислив никогаш дека ќе бидам на филм, но имав мерак да се прошетам, да пеам, како дете уште сакав да видам како се прави тоа на филмовите. Сите викаат лесно е да правиш документарен филм, мене не ми беше ни лесно ни тешко. Првин ми беше и страв и срам пред камерите, да не направам нешто погрешно. Еден месец не знаев што снимаме, дали филм дали нешто друго“, вели Атиџе

Извор: А1он

Видео: Во Валандово крстот се фрлаше три пати

Вчерашниот чин на „фрлање на крстот“ покрај Штип скандал имаше и во Валандово. Свештените лица трипати го фрлаа крстот, затоа што по него се фрлале и лица кои не биле пријавени. Официјално на крајот Костадин Георгиев го фати крстот.

Популарно