ФОТО: Оваа вода е магична, кога ќе ја видите ќе останете без зборови

Кога го истражувате Перу и она што може да го видите во оваа далечна земја, затоа што малкумина имаат можност неколку пати да ја посетат, една од атракциите со кои може да се сретнете е „Палкеља Пукамајо“ позната како Црвена река.

Оваа необична река се наоѓа во областа Куско и може да се види само во сезоната на дождови кога порој на вода го мие речното корито. Бидејќи областа е полна со железен оксид, водата се појавува во црвена или розова боја, во зависност од делот на потокот и количината на железо во водата.

Текот на оваа „сезонска“ река е долг околу пет километри, кога се меша со останатите реки и ја губи својата необична и карактеристична боја.

Ако некој сака да го посети Перу во периодот во кој може да ја види Црвената река, тој треба да биде подготвен за лизгави патишта, поројни дождови, но и на фактот дека многу други знаменитости нема да бидат достапни за туристите поради временските услови.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно