10 годишно девојче ја победило леукемијата но потоа ненадејно починало

10 годишното девојче од Велика Британија, Мили Мејн ја победи леукемијата, но набрзо потоа почина во болницата во Глазгов. Мајката Кимберли Дероч тврди дека нејзината ќерка починала од „неисправната вода“ во болницата, како и дека здравствените власти лажат.

Девојчето во текот на опоравувањето од тешката болест добила заразна инфекција и починала, а Кимберли е уверена дека виновник е контаминираната вода.

Здравствениот одбор на Глазгов инсистира дека причината за инфекцијата не може да се открие.

Случајот со несреќното девојче стигна и до шкотскиот парламет, откако многумина ја повикаа министерката за здравство Џини Фримен да си даде оставка.

Кимберли рекла дека лично од Фримен побарала одговори за смртта на својата ќерка, но дека добила само „општи уверувања“ дека ќе биде направена истрага.

Кимберли низ солзи раскажа како во 2017 година, кога починала нејзината ќерка, во истата болница имало 26 смртни случаи поврзани со загадена вода, но дека извештаите за тоа, наводно болницата никогаш не ги објавила.

Мили пред две години имала успешна трансплантација на матични ќелии и се опоравила, но наеднаш паднала во токсичен шок и починала неколку дена подоцна.

Во официјалниот извештај од патологот пишува дека нејзиниот катерер од кој примала лекови бил инициран, но Кимберли тврди дека вистинската причина е забошотена поради проблеми со водата во болницата.

Еве кои средства навистина го уништуваат коронавирусот

Било кое средство за дезинфекција го уништува коронавирусот, изјавила вчера директорката на Федералната служба за фитосанитарен надзор во Русија, Ана Попова.

„Секое дезинфекциско средство во одредена концентрација е погубно за овој вирус. Т.е. без оглед со што бришеме, главната работа е да се користи дезинфектант“ - изјавила Попова.

Претходно од службата изјавиле дека Државниот научен центар „Вектор“ ја проучува способноста вирусот да остане активен на површините.

Научниците од „Вектор“ потврдиле дека вирусот е одржлив на различни површини (не'рѓосувачки челик, линолеум, стакло, пластика, ќерамика) подолго од 48 часа и дека неговата способност може да послужи како извор на зараза.

Притоа, третирањето на површината со дезинфекциско средство овоможува таа да се исчисти од вирусните честички за само неколку минути.

Научниците испитале неколку различни дезинфектанти: хлорни соединенија, алкохол, средства на база на кватерни амониумски соединенија и терцијарни амини.

Резултатите покажале дека сите агенси брзо и ефикасно го убиваат вирусот.

Фото: Сладолед и лубеница за животните во скопската ЗОО

Со сладоледи и прскање со вода се разладуваат животните во скопската Зоолошка градина. Изминативе две недели во Скопје имаше високи температури, а минатата недела земјава беше во жолта фаза. Температурите и до 40 степени беа тешки за животните, па затоа зоо негувателите во градината посебно внимание посветуваат на разладувањето.

Секое утро, денот во Зоолошката градина почнува со прскање и освежување со вода не само на живеалиштата туку и на патеките и со подготвување на ладни десерти за животните.

Тигрите јадат сладолед од замрзнато месо, лемурите и патасите здрави сладоледи со цвекло, аронија и сончоглед, шимпанзата сладолед од сливи, банани и зеленчук. За морските лавови подготвуваме замрзнати топки со нивните омилени риби, а разладени лубеници се омилен десерт за нилскиот коњ и мајмуните“, вели Тина Мицковска, портпаролка на скопската Зоолошка градина.

Постојано се разладува водата во базените на нилскиот коњ и морските лавови, а слониците Дуња и Даела секое попладне се прскаат со вода и, како што велат негувателите, уживаат во тоа. Фламингата исто така се разладуваат во базенот кој е дел од нивното живеалиште.

Од пред две недели, во Зоолошка градина нови жители се три алпаки и две двогрби камили. Негувателите велат дека иако дошле во Скопје кога температурите се високи тоа не им пречи во прилагодувањето на средината, бидејќи овие животни се карактеристични за централноазиските степи и пустини.

А. АНТЕВСКА

Извор: https://sdk.mk/

Видео: Респект-Маршот до Крушево го помина пеешки.

Еден од учесниците  во  Илинденската коњаница  беше  и Томе Саздов, Илинденската коњаница  традиционално  од Горно Лисиче го започна традиционалниот марш до Крушево.

Но, кобилата со која требалода патува Томе се повpeдила уште на дефилето во Скопје, па Томе решил маршот до Крушево да го помине пешки.

Коњаницата вчера пристигна во долненско Ропотово, до каде Томе пропешачил 160 километри.

Тој е првиот во 42-годишната традиција на оваа коњаница, кој маршот го поминал пешки.

“Кога трчаа и ја трчав, кога одеа и јас одев, од љубов за Република Македониј”, напиша Томе на неговиот Фејсбук профил.

Моментално коњаницата се наоѓа на пат кон Кривогаштани, а трасата досега изгледаше вака: Долно Лисиче, Петровец, Катланово, Велес, Долно Оризари, Чашка, Теово, Богомила, Ропотово.

Популарно