Видео: Дали ова е решението на Бермудскиот триаголник

Локацијата-Бермудскиот триаголник или познат како Ѓаволски триаголник, е регион во Северно Атланкиот океан во кој исчезнале голем број на авиони и бродови. Во близина на Бермудскиот триаголник се наоѓа една од најпрометните бродски рути во светот.

Исчезнувањата биле припишувани на пирати, паранормални појави или на џиновски октоподи- легенда која морнарите ја пренесуваат стотици години.

Меѓутоа, можеби тоа не е толку погрешно. Во 2005 година морските биолози Цунеми Кубодера и Киочи Мори снимиле џиновска лигна во овие води, која агресивно ги напаѓа мамците.

“Во октомври 2005 година јапонските научници откриле страшно откритие на брегот на Токио, во близина на островот Бонин. Џиновска лигна долга 9 метри. Истражувачите од Јапонскиот национален музеј за наука ја идентификувале и заклучиле дека се работи за “Arhoteutis”- редок вид кој ги напаѓа мамците со екстремна сила”.

Се остварува: Баба Ванѓа го предвидела гладот и здравствената криза во 2020 година

Баба Ванѓа го предвидела гладот и здравствената криза во 2020 година, а ова пророштво го објавија британските медиуми на први јануари. Луѓето ќе го губат животот од глад и од заразни болести!

Доколку 1 јануари падне во среда, во 2020 година ќе биде полна со несреќа, глад и сиромаштија. А и така се случи, 1 јануари падна во среда. Британскиот „Дејли Стар“ оваа вест ја објавил уште пред пола година.

Пролетта ќе биде пријата, а есента ќе помине убаво. Ќе има многу мед, но се повеќе луѓе ќе го губат животот од заразни болести. Ќе има голем степен на несреќи, а покрај тоа ќе има и недостаток на храна и многу луѓе ќе останат гладни, со овие зборови е опишана оваа година.

Британските медиуми со ова, пренесоа и вознемирувачко пророштво на „слепата жена“, на која последните зборови и се однесувале на 2020 година. Секако станува збор за баба Ванѓа, која наводно рекла дека оваа година ќе падне метеор во Русија. Исто така најавила дека претседателите на Русија и Америка се во голема опасност.

Баба Ванѓа веќе го предвидела тоа, а последнава година е се повеќе спомнувана, бидејќи иако го напушти овој свет пред 23 години го најавила нападот во Њујорк, Брегзит како и настаните во 2020 година.

Ванѓа исто така предвидела и во*на во Европа, каде нуклеарното оружје ќе се користи против самите Европјани.

Елена и Дуле од Фчерашни се венчаа

ТВ лицата Елена Романова и Дуле Петров кои имаме можност да ги гледаме во „Фчерашни новости“ се одлучија да направат еден нов чекор во нивниот живот. Па така двајцата колегите стапија во брак, потпишувајќи се во книгата на венчани. Но, не е само тоа, наскоро ќе станат и родители. Дуле веднаш објави и фотографија, а во описот на истата напиша „Фатени за озбилно“. И секако под фотографијата се редеа низа честитки.

Со месеци се пазел, носел маска, а потоа направил една грешка која го чинела живот

После неколку месеци самоизолација и почитување на сите епидемиолошки мерки, направил една грешка која ја платил со својот живот. Таа грешка била дружење со неколку пријатели на скара.

Томи Макијас (51), камионџија од Калифорнија, од почетокот на пандемијата се однесувал многу одговорно. Не излегувал никаде освен до продавница, се држел на растојание, носел маска.

И еден ден, во Калифорнија започнало постепено попуштање на мерките, а Томи, иако и натаму бил претпазлив, природно, посакал да се види со пријателите после неколку месеци изолација.

Се договорил, како што пишува La Times, да направат пикник со скара со одбрани блиски пријатели. Меѓутоа, набрзо оваа средба се претворила во кошмар, бидејќи еден од пријателите бил заразен со полесни симптоми, но одлучил тоа да го скрие и да им се придружи на скарата.

Последицата од неговото неодговорно однесување била тоа што заразил повеќе од 10-мина од своите пријатели, вклучително и Томи, кој на крајот, за жал, го изгубил животот.

А ништо од ова не морало да се случи. Тој човек знаел дека има вирус, а сепак одлучил да оди и да се забавува со пријателите. Каква треба да биде казната за ваквите луѓе?

Поради неговата одлука Томи денес не е жив – вели Густаво Лопез, шурата на Томи, додавајќи дека речиси сите што биле на таа средба сега се заразени и се соочуваат со последиците од болеста.

Првите симптоми Томи ги почувствувал на 15.јуни, но верувал дека го мачи дијабетесот од кој боледувал. Меѓутоа, кога се тестирал, се покажало дека е позитивен на корона вирусот.

Сите бевме загрижени. Знаевме дека прогнозите се лоши за дијабетичарите – вели Густаво. Томи, на 21.јуни, само еден ден пред да го напушти овој свет, објавил статус на својот фејсбук профил, не знаејќи дека тоа ќе биде неговото збогување со пријателите.

“Некои од вас знаете, но многумина не знаат. Се прелажав и пред неколку недели бев на скара со пријателите. Патем се заразив со корона вирус. Во понеделникот добив наод дека сум позитивен, а во четвртокот ми беше потврдено.

Поради својата глупост ја загрозив мојата мајка и сестрите, како и целото свое семејство. Ова е болно искуство и не е шега. Ако мора да излезете, ставете маска и држете дистанца.

Немојте да бидете како мене. Се надевам дека ќе успеам да се изборам” – пишува во неговиот статус.

За жал, само еден ден подоцна, Томи издивна. Неговата сестра Марија вели дека во еден момент делувало како да закрепнува, а потоа одеднаш му се влошила состојбата. Бил ставен на респиратор во очајнички обид за да му се спаси животот, меѓутоа, веќе било предоцна.

Популарно