Истражувачи тврдат дека штедливите сијалици влијаат лошо врз здравјето

Додека од ден на ден се погласно не советуваат да ги фрлиме класичните светилки и да ги замениме со штедливи, голем број експерти предупредуваат, економичните светилки треба да се користат колку што е можно поретко и подалеку од нас.

Европската унија со директива забрани произведување на класични сијалици форсирајќи ги на европските пазари исклучиво штедливите, иако според познавачите се штетни по здравјето. Тогаш зошто толку се инсистира на нивното користење.

Берлински истражувачи тврдат, светилките за кои веќе некое време се полемизира се исклучително штетни. Вклучените светлосни тела емитуваат фенол, нафтален и стилен – канцероген состав кој при долготрајна изложеност може да биде фатален. Фенолот во организмот навлегува преку дишните патишта нарушувајќи ја нивната функција како и срцевата работа.

Израелскиот Универзитет Хаифа, веќе одамна објави истражување според кое штедливите светилки можат да го зголемат процентот на заболени жени од рак на дојка, бидејќи за разлика од класичното жолто осветлување, овие емитуваат на некој начин дневна светлина, поради што се нарушува производството на хормонот мелатонин во организмот.

Исто така постојат предупредувања дека ваквите светилки предизвикуваат мигрена, а дерматолозите пак стравуваат за пораст на кожни проблеми.

Еко светилка која што е штетна за околината!?

Нели е апсурдно на амбалажата на еден еко производ да стои предупредување дека по искористувањето е неопходно да се исфрли како токсичен отпад?

Еко светилки кои се вистинска мамка за луѓето што се грижат за животната средина, масовно купување на овие производи, иако се неколкукратно поскапи од класичните, коментираат берлинските истражувачи. Ваквите светилки произведуваат „електричен смог“, мора да се користат исклучиво во добро проветрени простории и далеку од нашите глави, предупредува експертот Андрес Кирхнер.

Доколку дојде до пукање на светилката, живата што излегува е опасна за секое живо суштество. Експертите додаваат, при пукањето поголемиот дел од живата останува во светилката, само мал дел излегува во воздухот – количина што не може да го наруши здравјето.

Сепак советуваат доколку дојде до пукање на ваквата светилка.

– Отворете ги прозорците и проветрете ја просторијата.

– Делот каде што се скршила светилката, внимателно избришете го со влажна крпа, која подоцна безбедно ќе ја исфрлите во најлоска торба.

– Со леплива лента (селотејп) ги собирате евентуалните остатоци кои исто така треба да завршат во најлонската торба.

– Отпадот никако не смее да се фрли во корпа за отпадоци, во ваков случај неопходно е да се исфрли на локација специјализирана за собирање опасен отпад.

Европската унија во сите земји членки забрани класични светилки од 100 и од 75 вати, од овој месец во пензија одат и 60 ватните. До крајот на годинава ќе престанат да светат и 40 ватните како и оние светилки од 25 вати.

Совршен ручек без месо – лесен оброк

Летото бара лесни оброци полни со зеленчук.

СОСТОЈКИ:

350 гр пиперки

5 јајца

1 павлака

100 гр рендан кашкавал

1 лажичка прашок за печиво

сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разматете јајца, додајте прашок за печиво, посолете, ставете павлака и соединете. Намастете плех, па наредете по две пиперки, преку нив ставете кашкавал па прелијте со претходно разматената смеса. Повторувајте го процесот додека имате материјал.

Печете на 200 степени 20-25 минути.

Извор: Готви.мк

Поховано фета сирење

Брз и вкусен оброк

СОСТОЈКИ:

400 гр фета сирење

1 јајце

брашно

презла

сол

бибер

сув зачин

масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сирењето внимателно исечкајте го на парчиња од по 50 грама. Јајцето пенасто разматете го и зачинете го.

Парчињата сирење извалкајте ги во брашно, потоа во јајца, на крај во презла.

На добро загреано масло пржете го сирењето додека не добие златно жолта боја.

Сервирајте со сос од домати и компир салата.

Извор: Готви.мк

Ахмад Ајад: Кога се разбудив сите мои мускули ги снема

Ахмад Ајад живее „спортски живот“. Тој редовно вежба, јаде здраво, се грижи за своето здравје и не ни се надевал дека коронавирусот може да го „нападне“ и да му го направи животот мизерен.

Но, атлетичарот од Вашингтон бил толку заразен што лекарите во болницата Џон Хопкинс морале да го стават во вештачка кома и да го стават на респиратор.

За тоа време тој изгубил 27 килограми и како резултат има оштетување на белите дробови и на срцето. А до вчера без проблеми се занимавал со спорт и физички бил најподготвен за најекстремните предизвици.

На почетокот на март, отишол на Флорида заедно со својот брат на три дена. Неколку дена подоцна, на 11 март, развил треска и почна да губи тежина.

Следеле кашлање, кивање, губење на апетит … По четири дена, почнал да дише со тешкотии, без сила да оди или да вози автомобил.

„Јас го добивам грипот секоја година и се лекувам од него два или три дена и се чувствувам подобро. Ова не е грип. Луѓето треба да бидат внимателни. Живеете така што мислите дека корона е некој посилен грип и вие нема да го добиете, изјави Ајад за „ВМАР 2 њуз“, а го пренесоа сите светски медиуми.

„Ете, тоа мене ми се случи. Во основа бев парализиран, не можев да се движам. Кога се разбудив од кома сите мои мускули исчезнаа”, ја опиша агонијата Ахмад.

Кога излегол од болница, Ајад морал да помине рехабилитација, која се состоела и од говорна терапија …

Утешно е што два месеци подоцна, тој се вратил на спортски активности и ја вратил физичката кондиција.

„Морав да одам на лого-терапија затоа што не можев да зборувам. Ми требаше социјална терапија затоа што морав да научам да голтам повторно. Физикална терапија беше неопходна за да го разбудам телото. Имав потешкотии во дишењето бидејќи ми се оштетија белите дробови, моето срце исто така е оштетено“, рече американскиот атлетичар.

извор: lokalno.mk

Популарно