Променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне

Денеска не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд особено претпладне, во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу 2 до 5, а  дневната ќе се движи  во интервал  од 7 до 13  степени.

Во Скопје утринската температура  достигна до 3 степени, а дневната температура ќе достигне до 10 степени.

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Денескане очекува сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 26 до 36 степени. 

Во Скопје, сончево и топло  време,  минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер

Денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. УВ=8

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. 

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=8

Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 36 степени. 

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 33 степена.

Популарно