Денеска е православниот празник Свети Георгиј – Посен

Православните верници денеска со домашни служби го празнува и празникот Свети Георгиј – Посен што се празнува на 26 ноември според стариот (или на 9 декември според новиот) календар.

И овој празник е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.

На овој датум во 1037 бил осветен храмот посветен на овој светител во Киев изграден од кнезот Јарослав. Овој ден како празник се празнува во цела Русија и оттаму веројатно празнувањето е пренесено и во нашиве краишта.

Празникот е наречен Посен затоа што секогаш се паѓа во Божикните пости. Во книгата на Булгаков „Настолнаја книга“, на овој датум се поместени тропар и кондак на празникот посветени на Св. вмч. Георгиј, од што станува јасно дека овој празник е посветен на Георгиј Победоносец, а не на некој друг светител со истото име.

Преподобен Алимпиј Столпник

Именден празнуваат: Алимпие…

Се прославил со трпение, пост и чуда. Роден е во Адрианопол во шестиот век, од благочестиви родители. Уште пред да се роди, мајка му имала видение дека нејзината рожба ќе се прослави. На сон видела дека држи јагне на чии рогови гореле две запалени свеќи. Кога останала вдовица своето дете му го доверила на воспитување на епископот Теодор, кој го вовел во верата и го учел на Светот писмо.

Одушевен од неговото знаење епископот го произвел во ѓакон, но младиот Алимпиј повеќе го сакал пустинскиот живот. Поради тоа откако добил согласност од мајка му имотот го раздал на сиромасите, го напуштил градот и се населил во пустина во една гробница од која сите бегале. Му се јавил ангел и го охрабрило да живее во тоа место. Над гробницата имало столб од камен со идол на него. Алимпиј идолот го заменил со крст. Посакал да оствари подвиг живеејќи на столб. Така на столбот се искачил кога имал триесет и две години и тука минал 53 години без да слезе од него.

Тука ги преживеал сите болести, но и елементарни непогоди. Последните 14 години ги минал во лежење бидејќи нозете му биле во рани од долгото стоење. Направил многу чуда поради што многу народ доаѓал на тоа порано омразено, а подоцна прославено место. Починал во 640 година на 120 години за време на владеењето на императорот Ираклиј. (Подготви Марко Китевски)

Петар Рупески го фати светиот крст по петти пат

И годинава најсреќен меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, беше 30-годишниот Петар Рупески од Варош, кој прв успеа да доплива до крстот.

Рупески, годинава, светиот крст го фаќа по петти пат

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Како и во минатите години, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Во Скопје се пријавени 140 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2020“.

Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне, кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го положи крстот во Вардар од мостот кај хотелот „Холидеј ин“. Претходно, во 9 часот, тој ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде што ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

Првата богојавленска литија (поворка) е планирана од храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје, преку кејот кај Министерството за надворешни работи до мостот кај хот. „Холидеј ин“, а втората литија ќе почне од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во која ќе учествува и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и ќе се движи по кејот на Вардар и покрај МНР ќе пристигне на мостот.

Од Скопската епархија информираат дека лицето кое ќе го фати крстот ќе прими честитки и дарови од архиепископот г.г. Стефан. 

Извор: mia.mk

ДЕНЕСКА Е ВОДОКРСТ, А УТРЕ СЕ СЛАВАТ ВОДИЦИ

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.

Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост.

Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!

Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.

На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.

Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.

Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.

Популарно