Сопругата на Камчев дојде на судење со ташна од 8 илјади долари и капут...

Пред два дена  Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев се појави на судењето во улога на сведок за случајот Рекет ги „размрда“ сите со нејзиниот стил.  Таа може, треба и едноставно сака да изгледа скапо, а стилски одлично. 

Ана традиционално се облекувала  „скапо“ и секогаш екстравагантно,  така беше и во судот.

Фамозниот бел капут за кој веќе пишуваа порталите не е нешто за кое се паѓа во несвест. Тоа дека е на модната куќа „Сен Лоран“ и дека чини 3.500 евра треба да ве чуди? Сензација не е, има капути и по 20.000 евра. Камчева дури одбрала поевтина варијанта, не дека не можела поскапата.

Ама, за чантата не може да се каже такво нешто. Во судот ја носеше легендарната Биркин чанта на брендот „Ермес“. Одлична, совршена, синоним за престиж. За вакви чанти некогаш познатите чекаат и по една година за да им бидат изработени. Според она што го најдовме на интернет, ова скапоцено парче чини 7.999 долари на попуст, вистинската цена изнесува 10.000 долари. Изработена е од првокласна кожа, се заклучува со клуч и има метални детали во златна бојa

Видео: Видео кое буквално ќе ве разочара од човечкиот род: Туристи натераа сиромашно девојче да јаде лута пиперка за пари

Не е срамота да се биде сиромашен. Срамота е да се биде бездушен богат човек опкружен со сиромашни чесни луѓе.

Овие туристи, за да се потсмеваат на мало девојче, и’ ветуваат дека ќе и дадат малку пари, ако изеде лута пиперка без да заплаче.

Таа остана силна и покрај големата болка од лутата пиперка, дури и се насмевнуваше сосила само за да не заплаче. Но на крај сепак не можеше да ги сокрие солзите од болката од лутата пиперка.

„Се хранат со туѓа болка“, „Идиоти“, „Срамота“, се дел од коментарите на оваа видео кое беше објавено деновиве и наиде на голема осуда.

За жал постојат и такви луѓе… нелуѓе.

Фото: Тие се омилениот турски пар – вака изгледаа на својата свадба

Познатиот пар од 1001 ноќ и Далеку од дома, хит серијата на Сител, Бергурзал Корел и Халит Ергенч се венчаа во 2009, за нивната љубов се пишува многу, но тие лично многу ретко изнесуваат детали од приватниот живот.

Поради тоа, папарацо фотографите многу често се обидуваат да ги „уловат“ на некоја прослава или додека уживаат на летниот одмор, а се што можат да откријат е дека нивната љубов цвета како првиот ден.

Пред неколку месец Бергузел на свет го донесе нивното второ дете а подоцна и покажа како природно изгледа со вишокот килограми со кој се здоби во бременоста.

Нивната љубов ја крунисаа пред 11 години, па погледнете како изгледаше свадбената веселба на овој најпознат турски пар во продолжение:

Се омажи љубовницата на Шабан: Цуца го заборави кралот на народната музика и облече венчаница

Пејачката Ивона Неговановиќ Цуца на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е во венчаница, а покрај неа наводно е и нејзиниот сопруг.

Се чини дека Цуца ја најде својата сродна душа и се омажи, а објави фотографија на која позира во прекрасна елегантна венчаница. Сепак, пејачката не напиша ништо покрај фотографијата, додека можноста за коментар беше исклучена, а не наведе ниту кој е авторот на фотографијата.

Инаку јавноста ја познава Цуца како долгогодишна љубовница на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ. Додека беше жив медиумите постојано објавуваа за нивната наводна врска.

Таа минатата година во едно интервју истакна дека со Шабан Шаулиќ поминала 15 години и истакна дека со него никогаш не била од интерес за пари, туку од љубов.

– Никогаш не барав ниту примав пари од него, или да сум барала нешто скапо да ми купува. Тоа никогаш. Живеев со него заради љубов и тоа беше доволно за мене, имам и син од него. Тој ми носеше храна од нивната куќата и на Гордана, а за мене беше специјално спремена храната која беше потоа донесена во Крчедин, обично беше подготвена од домашната помошничка Вида, па дури и од неговата сестра Сарајка.

Популарно