Tesla потврди: Наскоро пуштаме суперполнач и во Скопје

Зголемувањето на бројот на електрични возила ја зголемува и потребата од повеќе полначи и суперполначи со кои возилата многу побрзо ќе можат да го надополнуваат батериите. Tesla ја ажурираше својата мапа на суперполначи за 2020 година со еден куп нови локации што треба да ги покрие мрежата за брзо полнење.

На листата на Tesla се најде и Македонија, и според нивните најави во Скопје треба да биде отворен за почеток еден суперполнач. Како што најавуваат од Tesla дополнително ќе биде објавено каде на која локација и кога тоа ќе се случи.

Освен во Скопје во соседните земји најавени се суперполначи и во Солун, Јанина, Ламија, Атина, Спарти (Грција), Пловдив (Бугарија), Пожега, Белград, Јаловик Извор.

Во моментов во Македонија има мрежа на ЕВН на полначи за електрични возила. На истата има полначи што се веќе во функција и оние што треба да бидат пуштени наскоро.

Во текот на последните неколку години, Tesla даде неколку големи ветувања за проширување на мрежата на суперполначи но за кратко време потоа истите не се исполнија. Доцнењето се чинеше дека е барем делумно поврзано со распоредувањето на новата генерација на технологијата на суперполначи, Supercharger V3, што и самиот забележа неколку одложувања пред појавата.

Целиот текст прочитајте го на 24ауто.мк ТУКА.

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно