Убиство во Прилеп, 51 годишен маж ја уби сопругата и нејзината мајка

Убиство во Прилеп, 51 годишен маж ја уби сопругата и нејзината мајка

Во 08:05 часот било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“, во куќа сопственост на Т.К. се слушнале истрели од огнено оружје. Од страна на полицијата на лице место биле пронајдени А.П.(41) и Т.К (мајка на А.П.) со прострелни рани а во другата соба од куќата е пронајден П.К. (дедо на А.П.) со прострелна рана во стомакот. Од страна на доктор е констатирана смрт кај (А.П.) и (Т.К). Под сомнение дека е сторител на убиството е 51 годишниот (Н.П), сопруг на (А.П.). Истиот е приведен од страна на полицијата. Повредениот (П.К) ќе биде пренесен во МЦ-Прилеп.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно