Предлог за денешен ручек

Свинско печење

Состојки

 1кг. свинксо месо за зачинување сол, бибер, мајчина душичка, рузмарин

2 главички кромид

5 чешниња лук

1 морков 

црвено вино 100мл. 

говедска супа (од коцка) 300-400мл 

Компири -1 кг.

1 чаша домашна презла по вкус зачини сол, бибер, мешан зачин по потреба зејтин 

Начин на подготовка

1. Направете мали засеци во месото на 1см. и убаво зачинете со сол, бибер и мајчина душичка. Втријте ги зачините и оставете го да стои (ако имате можност и преку ноќ). 2. Загрејте ја убаво тавата со сосем малку зејтин и ставете го месото да се запржи и да фати убава боја од сите страни (многу кратко, 2-3 мин се потребни). Во тавата во која ќе печете на дното наредете го кромидот исечкан на полумесечинки, исечканиот морков и чешнињата лук (притиснете ги прво да се отворат). Врз нив ставете го месото, полијте со виното и супата и ставете гранче рузмарин. Поклопете со капак и ставете во загреана рерна на 180С да се пече 2 часа. 3. Компирите исчистете ги и исечкајте ги на покрупни парчиња. Ставете ги во тенџере на оган да се проварат околу 15тина минути. Потоа претурете во цедалка и оставете ги малку да испари водата. 4. За презлата, од вечер оставете неколку парчиња леб надвор да се исуши. Потоа раздробете на поситни парчиња, ставете во сецкото и блендирајте додека добиете лебни трошки (не толку ситни како купените). Зачинете ја презлата со зачини по вкус и спремна е за користење. 5. Компирите попрскајте ги со малку зејтин и потоа убаво наросете со презлата. Префрлете ги во плех за печење, наросете уште малку презла и ставете ги во загреана рерна да се печат. Потребно им е малку време, околу 20тина мин. 6. Имаме и сос =) ... Кога месото е готово, внимателно извадете го од тавата и оставете го на страна да се одмори. Содржината што е во тавата (зеленчукот и течноста) претурете ја во блендер и блендирајте додека не се добие убава кремста смеса. Ако ви се чини премногу густо може да прецедите преку ситна цетка и да додадете уште малку од супата. 7. На крај сервирајте по желба и уживајте во ручекот. Добар апетит

Оваа намирница е главен виновник за дебелината

Лебот е храна без која многу луѓе не можат да живеат и секогаш се консумирала најмногу. Сепак, негативните аспекти на конзумирање леб на телото се многубројни.

Освен што е една од најчестите намирници поврзани со дебелина, постојат и други здравствени проблеми предизвикани од јадење премногу леб.

Покажа дека луѓето кои јадат две или повеќе порции бел леб на ден имаат поголем ризик од дебелина отколку оние кои јадат една порција бел леб.

Го зголемува гладот

Обидот да го измамите гладот ​​со леб само ќе го зголеми вашиот глад со текот на времето. Повеќето видови леб се преработени, што значи дека содржат многу малку или воопшто не содржат хранливи материи. Затоа, кога го јадеме, нашето тело всушност не препознава никакво чувство на ситост. Сепак, телото ќе препознае шеќер во крвта и ќе додаде повеќе инсулин, сето тоа предизвикува уште поголем глад.

Честа болка во стомакот

Меѓу видовите леб со голем дел од влакна, се продаваат и оние на кои им се додадени влакна, како што се инулин и бета-глукан. И кога ќе ги консумирате во прекумерни количини, ќе се појави надуеност и гасови.

Предијабетес

Консумирањето премногу леб доведува до нездраво ниво на шеќер во крвта. Ова особено се однесува на високо рафинираниот леб, кој го купуваме во продавници и пекари. Ова го зголемува нивото на воспаление во телото, што предизвикува предијабетес, што е предупредувачки знак дека е зголемен ризикот од развој на дијабетес.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок може да биде резултат на премногу внес на леб. Лебот и разните пекарски производи, според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, се два главни извори на натриум, хранлива материја за која се знае дека го зголемува крвниот притисок. Дури и мала количина леб може да го зголеми ризикот од хипертензија.

Морничавата вистина за пилешкото месо

Пилешките гради се сметаат за една од главните компоненти за здрава исхрана и добар извор на протеини. Истовремено, нивната цена е ниска и лесно се приготвуваат. Меѓутоа, евтиното пилешко е едно од највалканите видови животинско месо.

Ако се грижите за вашето здравје, внимателно прочитајте го овој текст за да дознаете повеќе за можните ризици од честата консумација на индустриско пилешко.

Вистината за пилешкото:

За да ги намалат трошоците за пилешко филе, произведувачите мораат да намалат на трошоците за исхрана на пилињата и да го забрзаат нивниот раст. Како резултат на тоа, се користи евтина храна и агресивни препарати за брзо дебелеење.

Животниот циклус на пилешкото од 5 до 7 недели

Во просек, животниот циклус на пилињата на фармите за преработка на животинско месо е од 5 до 7 недели, по што се убиваат и се праќаат на преработка (додека селаните ги одгледуваат пилињата неколку години пред да ги заколат).

Хемиското изложување почнува пред појавата на пилето. Станува збор за разни дезинфекциони средства на кои се изложува јајцето. Потоа, тоа се превезува во расплодна работилнициа, каде што се изложува на милоста и немилоста на конвенционалните дезинфекциски средства, но и на моќни антибиотици и вакцини.

Која е главната опасност?

Вакцинацијата на пилињата по правило се врши преку групна постапка со помош на аеросол или се пијат препарати со вода. Теоретски, сите вакцини имаат соодветни безбедносни сертификати за птиците и луѓето. Но опасноста лежи во неправилната употреба на вакцините, неквалитетната група лекови и неподготвеноста на пилињата за имунизација. Штетата за луѓето се состои во неквалитетното месо заразено со болести поради вакцинацијата и нејзината неправилна употреба.

Болеста на едно пиле може да доведе до смрт на сите, затоа им се даваат антибиотици во текот на целиот нивен живот. Штета што притоа се нанесува е разновидна.

Прво, консумирањето такво пилешко може да ја наруши работата на црниот дроб, бубрезите и дигестивниот тракт кај луѓето.

Второ, алергичните луѓе може да доживеат разни акутни реакции. Но можеби најопасна е таа редовна микродоза на антибиотици. Тоа доведува до бактерии отпорни на антибиотици.

Со други зборови, ако личноста на пример добие воспаление на белите дробови, па антибиотиците со кои се хранело пилето (а вие сте го изеле), лековите нема да влијаат врз патогените тела. Што значи дека ќе станете имуни на антибиотици, бидејќи постојано ја примате таа одредена доза преку месото што го јадете.

Исто така, многу е важно што јаде пилето. Покрај посебно воведените адитиви, во храната за пилињата може да се најдат и пестициди, но и естроген, женски хормон кој ја зголемува телесната тежина кај пилињата.

Кај жените, вишокот од овој хормон може да предизвика нарушување на месечниот циклус, а кај мажите неплодност.

Покрај тоа, редовната консумација на месо со хормони може да доведе до намалено производство на сопствени хормони, кожни проблеми, алергиски реакции и намален имунитет. Децата што се во сексуален развој посебно ги погодуваат хормонските суплементи и потоа репродуктивната функција на телото се сопира.

Заклучок:

Пилињата што се произведуваат на фармите за преработка на месо се полни со хормони и останати работи што го забрзуваат нивниот раст. Кланиците даваат свој придонес, каде лешовите на пилињата се третираат со дезинфекциски средства.

Но не е можно да се истражи секое парче месо. Па така, главниот критериум за потрошувачите остануваат изгледот и вкусот на пилешкото месо. Ако можете, купувајте пилешко месо од селани што ги хранат со природна храна.

Внимавајте што купувате, а уште повеќе што внесувате во организмот!

Четири комбинации на намирници кои прават проблеми во организмот

Јадењето правилна храна, односно здрава храна е предуслов за добро здравје.

Ако генерално се грижите за исхраната, за храната што ја јадете, за начинот на кој ја подготвувате храната и за нутритивното богатство, понекогаш можете да си дозволите нешто помалку здраво, како парче пица или плескавица, без никакви последици.

Сепак, некои намирници кои сами по себе се здрави не одат добро во комбинација со други намирници кои се исто така хранливо богати и корисни.

1. Сланина и јајца

Повеќето луѓе сакаат да јадат сланина и јајца за појадок, но не се целосно свесни дека оваа комбинација не е особено добра. Бидејќи и јајцата и сланината се богати со протеини, како независни суплементи се добри за луѓето, но во комбинација можат да предизвикаат разни дигестивни проблеми.

Кога јадете 2 намирници со висока содржина на протеини одеднаш, на телото ќе му треба повеќе време да ја свари храната, бидејќи протеините најтешко се разградуваат. Покрај тоа, и јајцата и сланината се богати со заситени масти.

Место сланина, некои зеленчуци, како домати или авокадо, се многу поздрави и подобри избори.

2. Јогурт и овошје

Овошјето е најздраво кога се јаде самостојно. Кога се меша со друга храна како јогурт, може да предизвика чувство на тежина во стомакот, па затоа овошниот јогурт не е најдоброто решение за појадок.

Наместо овошје, во јогуртот можете да додадете малку цимет, кој има многу придобивки за вашето срце.

3. Вода и храна

Многумина имаат навика да пијат чаша вода со оброк, но тоа не е особено препорачливо. Прво, може да ја намали количината на плунка што ја произведуваат жлездите, што е многу важно кога станува збор за дигестивниот процес. Покрај тоа, оваа комбинација може да го зголеми и нивото на инсулин во вашето тело.

4. Плескавица со помфрит

И двете од овие намирници се прилично нездрави, но доколку не претерате, нема да има некои поголеми проблеми. Сепак, оваа вообичаена, омилена комбинација за многу луѓе е многу лоша.

Нутриционистите дури велат дека е многу поздраво да нарачате 2 колачиња наместо помфрит.

Популарно