Денеска е 148-от роденден на Гоце Делчев

Ако го доживуваме Гоце Делчев како свој, тогаш треба да собереме на едно место сѐ што има врска со него! За да нѐ препознае и светот како негови. Пишува Кица Колбе.

Денеска е 148-от роденден на Гоце Делчев. Еден век и половина! Од кои само мојата генерација речиси седум децении растеше со тоа име. Гоце Делчев е навистина синоним на македонската државност. Тој е најзначајната личност во модерниот македонски наратив. Тој има најголема симболичка моќ во културалното паметење на Македонците. Во модерните европски држави за такви личности би можеле да најдете, и во библиотеките и во книжарниците, неброени биографии, студии, истражувања. Тие, најчесто, се пристапни не само за научниците, туку за сите граѓани. Ако денес посакате на пријател, кој не знае ништо за основополжникот на идејата за самостојна македонска држава, да му подарите примерок на македонски, (а зошто не и на англиски или германски?) од една модерна, сеопфатна биографија на Гоце Делчев, каде ќе можете да ја купите таа книга во Скопје?

Од друга страна, знаете ли кои се темелите на сериозните и стабилни европски држави? Тие се нивните стари и богати архиви, во кои грижливо се документира и чува секој важен податок за нивната историја. Стабилните темели на таквите држави се нивните многубројни книжарници, нивните богати библиотеки, во кои е збрана сета култура на духот на еден народ. Државите најчесто се создавале со борба и крв. Меѓутоа, тие потоа се градат со силата на самосвеста за државотворност и заедништво. Државите, имено, почиваат и врз културното и духовно наследство. Силата на духот и писмото, кои го бележат и го чуваат културалното паметење на еден народ, е исто толку државотворна колку и законите. Како што во Македонија не се почитуваат законите, не се заштитува културното споменично наследство, така не се заштитува и негува ниту духовното. А духовното наследство е темелот на културалното паметење на еден народ. Тоа е темелот на националниот идентитет. Ако го доживуваме Гоце Делчев како свој, тогаш треба да собереме на едно место сѐ што има врска со него! За да нѐ препознае и светот како негови. Тоа најдобро се покажува со нашата грижа и макотрпна посветеност на тоа да ги собереме документите и раскинатите делови од неговата биографија на едно место.

Затоа што проклетството на балканската историја е што таа многу малку се грижи за личните биографии. Тоа е најдрастично кога се работи за биографиите од минатото на историската област Македонија. Биографијата на Гоце Делчев ја одразува историјата на Балканот и на Македонија во најдраматичниот период. Границите на актуелните национални држави, особено оние по Балканските војни, не дозволуваат да се сочува биографскиот континуитет на животната приказна на една историска личност. Тие, најчесто, ја „окупираат“ неговата биографија во тесниот корсет на својот национален наратив. Во него не се идеологозирани само историските настани и политичките движења. Во националните наративи се идеологизирани и биографиите и личните спомени. Затоа што принципот на националната идеологија, особено во европскиот деветнаесетти, како и во балканскиот дваесетти век, е селективното прикажување и толкување на историските настани.

Нашиот долг кон Гоце Делчев

Само модерната европска историска наука и теоријата на културалното паметење, кои инсистираат на неутралното предавање на историските факти и личности, овозможува еден ден да се „зацели", во националните граници „раскинатиот“ личен, биографски интегритет на историските личности како Гоце Делчев. Тој што ќе напише биографија на Гоце Делчев, која ќе  ја прикаже сложеноста на времето во кое живеел. Тој што ќе ја почитува полиперсепктивноста на политичкиот, религиозен, етнички и културен контекст во кој Делчев се воспитувал и работел. Тој научник ќе ја предаде целината на неговата биографија –над сите национални граници! Таква модерна биографија ќе покаже дека на научникот личноста и интегритетот на Гоце Делчев му е поскапоцена од секој национален наратив. Таквиот пристап би бил во склад со визијата на Гоце Делчев за светот како место за културен натпревар меѓу народите. И, секако, со визијата на европскиот проект на мирот. Визијата на Гоце Делчев за „културниот натпревар“ ја антиципира идејата на европското обединување половина век пред нејзиното пројавување по Втората светска војна. Кога сите три земји на Балканот – Македонија, Бугарија и Грција – навистина би биле свесни за духот на европскиот проект на мирот, тие би престанале да полемизираат за етничката припадност на Гоце Делчев, туку би  поддржале меѓудржавен истражувачки проект, кој би ја документирал, објективно и темелно – целината на неговата биографија. Тогаш тие би покажале дека споменот на Гоце Делчев им е драгоцен и свет. 

Нели му должиме на Гоце Делчев особено ние, Македонците, кои ја уживаат остварена неговата идеја за слободна македонска држава, барем една таква модерна биографија? Со нејзиното подготвување може да се нафатат повеќе млади научници, кои, најчесто, познаваат повеќе светски јазици, за да ги прегледаат материјалите во многу балкански и европски архиви. 

Самопрогласените патриоти немаат потреба од такви книги. Тие ја имаат својата митологија. Ама културалното паметење на Македонците, кое би требало да се раководи според европските стандарди на неутралното и критичко презентирање на историските факти и личности, не може да се збогатува без барем една модерна биографија на личноста со најголема симболичка моќ во македонската историја - Гоце Делчев.

Секако, во социјалистичка Македонија се напишани многу монографии за борците за национална слобода. Иако тие често се  пишувани во револуционерен патос и со изразит идеолошки поттекст, што е разбирливо со оглед на политичкиот контекст во кој беа создадени, тие, сепак, остануваат драгоцен документ. Меѓутоа, со нив не е завршена работата еднаш-засекогаш. Затоа е важно прашањето колку биографии и студии за Делчев се објавени во последниве две-три децении? Тогаш сите светски архиви беа станале достапни и за македонските научници. Ако Гоце Делчев и неговото дело се темелот на идејата за македонска држава, тогаш од моментот кога се прогласи самостојноста, требаше да постои посебен сеопфатен и долгогодишен проект за документирање, подготвување и објавување на сите архивски материјали, сведоштва и историски толкувања за неговата биографија. Огромните средства што беа потрошени за невкусните скулптури во центарот на Скопје, ќе беа доволни за да се испратат со научни стипении најталентираните млади историчари на истражувачки престои во најголемите светски архиви. А, за почеток, ќе беше доволно да се изготвеше долгорочен проект за консултирање на сета архивска граѓа во архивите на соседните балкански земји и во Турција.

(ВИДЕО) Посвоила момче кое никој не го сакал, 28 години подоцна се случи чудо

Џордан ја направил најголемата жртва за својата мајка и на крај сè поминало најдобро. Ингеборг и Џордан брзо се опоравиле од операцијата.

Постојат добри луѓе како што е Ингеборг која на едно мало бебе му пружила подобар живот. Таа им помогнала на многу момчиња и девојчиња, но никој не се истакнувал како Џордан.

Од првиот момент кога го видела, знаела дека сака да го посвои.

20 години подоцна Ингеборг добила поразувачки вести. И дијагностицирале тешка болест на бубрезите и доколку сакала да преживее и бил потребен нов бубрег.

Кога Џордан ја слушнал таа вест, знаел дека мора нешто да направи за да помогне.

Се тестирал и дознал дека одговара како донор на бубрег. Без размислување се согласил да и подари бубрег на жената која го одгледала.

Џордан ја направил најголемата жртва за својата мајка и на крај сè поминало најдобро. Ингеборг и Џордан брзо се опоравиле од операцијата.

Ингеборг направила сè за Џордан, а на крај тој го направил истото за неа.

Хемотерапијата не дејствува во 97% од случаите

Ракот се смета за втора водечка причина за смрт во светот, особено во САД. Само во 2015 година имало околу 1.657.000 случаи на заболени од рак, а се очекува наредните години од оваа болест да умрат околу половина милион луѓе само во САД! Тоа се шокирачки податоци добиени од Националниот институт за здравство.

И додека речиси сите третмани на лечење се состојат исклучиво од хемотерапија и операции, ретки се оние лекари кои не потклекнуваат под влијанието на парите и на луѓето им ја кажуваат вистината за овој третман. Еден од нив е доктор Петар Гиден, кој резултатите од своето истражување го објавил во списанието Journal of Clinical Oncology. Ова истражување минало незабележано иако во него е кажано сè!

Истражувањето е објавено во ова медицинско списание, но пошироката јавност не ги знае сите факти за хемотерапиите и лековите кои заболените мораат да ги купуваат од фармацевтските компании. Во овој случај нема некаков заговор. Факт е дека лекарите заработуваат на хемотерапијата!

„Хемотерапијата е неефикасна во 97% од случаите. Кога ‘Форд’ би произведувал мотори кои би експлодирале во 97% од случаите, мислите дека  сè уште би останал на пазарот? Се разбира дека не“, вели Гиден, кој дополнува дека ист е случајот со терапијата која убива луѓе.

Австралиската студија која се занимава со проценката на ефикасноста на цитоксична хемотерапија, во своето истражување за стапката на преживување  во период од пет години по земањето на терапијата кај возрасните луѓе кои се заболени од малигни болести открива дека вкупното влијание на цитоксичната хемотерапија во Австралија достигнало само 2,3%, додека во САД, само 2,1%. Така што јасно е дека придонесот на хемотерапијата во лечењето  рот е минорен.

Гиден наведува дека ова е само еден пример за таканаречениот здравствен систем, на кој му е поважен профитот, а не здравјето на луѓето.

„Ова е врвот на контролата што  фармацевтската индустрија ја има над сите нас“, порачува Гиден.

Вториот лекар кој дели слична перспектива е доктор Леонард Колдвел. За него хемотерапијата е отров на медицинскиот систем. Тие го бомбардираат целиот човеков организам и тогаш ви кажуваат дека ракот е во фаза на ремисија.

Тој напоменува дека статистиката на стапката на лечење рак се однесува на преживувањето во рамки од пет години од примањето на терапијата.

„Хемотерапијата ги уништува сите биохемиски и биоелектрични функции во телото“, вели Колдвел. „Со оглед на тоа што во вашето тело ништо не функционира, вие повеќе немате ни рак, а мислите дека сте излечени. Но,  како што телото ќе  заздравува, ракот ќе се враќа и вие сте мртви“, напоменува Колдвел.

Тоа е напад со смртоносно оружје, изјавил и додал дека кога ќе  озрачите некого, тоа ќе предизвика лузни, а лузните никогаш повеќе нема да станат здраво ткиво.

„Проблемот е начинот на кој лекарите се обучуваат. Лекарите никогаш не учат како да ги лечат луѓето“, вели Колдвел. „Тие само учат како со хемиски средства или операции да ги сузбијат симптомите. Тие никогаш не се занимаваат со причината“.

Колдвел исто така напоменува дека меѓу пациентите има сè поголема стапка на самоубиства, но и сè поголема стапка на склоност кон алкохол и дроги. Лекарите одвреме-навреме сфаќаат дека нема никаква алатка со која може да им помогнат на пациентите и дека тие всушност ги убиваат своите пациенти“, вели Колдвел.

„Кога ќе се запишете прва година на медицински факултет, навистина сте возбудени, давате сè од себ, сè додека не сфатите деа тоа што ќе му го направите на пациентот всушност ја загрозува неговата состојба. Се случува и тој самиот да се излекува“, додава Колдвел, кој е убеден дека сè  поголем број  болести можат да се излечат доколку пациентите се откажат од хемотерапијата и побараат алтернативно решение, како што е спречувањето на киселоста на организмот!“

(ВИДЕО) Запознајте го највлакнестиот човек: Ретко генетско пореметување му донесе светска слава

Лари Гомез од Калифорнија е највлакнестиот човек на светот.

Дури 98% од неговото тело, вклучувајќи го и лицето му се прекриени со густи влакна. Тоа е последица од хипертрихоза, ретко генетско пореметување кое го имаат помалку од 100 луѓе низ цел свет.

Лари во текот на детството пател многу поради исмејување од врсниците, но откако настапил во неколку холивудски филмови, научил да ја прифаќа својата различност.

Неговата новостекната самодоверба му помогнала да ја пронајде и љубовта, па така се оженил со Алисија Мартинез која ја запознал уште во 2011 година.

-Тоа што сум највлакнест човек ме прави посебен, вели тој.

Во 2011-та година настапувал за филмот „Вода за слонови“ со Рис Витерспун и Роберт Патинсон.

Популарно