Колку коронавирусот живее на пластика и картон?

Загрижувачки утврдено е дека коронавриусот може да преживее на пластични и челични површини и до три дена, додека во честичките во воздухот може да живее околу 3 часа, вели новата студија која ја финансирал американскиот национален институт за здравје.

Студијата открила дека стабилноста на вирусот Сара Ков 2 кој ја предизвика болеста Ковид-19 е слична на онаа кај Сарс-Ков-З во експериментално услови. Резултатите од овој лабораториски извештај овозможиле научниците да утврдат колку долго новиот коронавирус се задржува на површините околу нас, а колку долго преживува во воздухот, иако научниците истакнуваат дека се потребни уште истражувања за да биде дефинитивно утврдено.

1. Коронавирусот успева да преживее 72 часа на нерѓосувачки челик и пластика 2. На бакар се задржува 4 часа, додека 24 часа живее на картон 3. Во честитчките и капките во воздухот останува активен до три часа.

Студијата укажува дека пренесувањето на вирусот Сарс-Ков-2 е можно и преку воздух и одредени материјали, а овие начини на пренесување се поврзуваат со ширењето на вирусот во болничкото опкружување, во кое може да дојде до „суперширење“ , односно дека еден заболен може да зарази десетина или стотина луѓе, тврдат научниците.

Друга студија која е објавена минатиот месец во еден научно списание открила дека човечкиот коронавирусот, како што е оној кој предизвикува Сарс може да преживее на предметите кои не опкружуваат - метални, стаклени, пластични - дури девет дена ако површината на која стојат не е дезинфицирана. Ова открите е од големо значење за понатамошните истражувања, затоа што Сарс е познат „роднина“ на новиот коронавирус.

-Како што е веќе познато, вирусот може да се пренесе преку капки и течности. Кога тие ќе излезат од инфицирана личност, преминуваат одредена оддалеченост пред да се најдат на местото на кое запираат. Во тие ситуации, во здравствените установи е многу важно работниците да преземат дополнителни мерки за заштита, како што се носење маски - вели докторката Марија ван Керков, епидемиолог од СЗО.

Внимавајте овие апарати за домаќинство трошат многу струја

Се проценува дека оние кои поседуваат нови апарати за домаќинство трошат дури 50 отсто помалку струја. При купувањето уред не треба да се води сметка само за цената, бидејќи поскапите во повеќето случаи се поефикасни од поевтините.

Фрижидерите и замрзнувачите се големи „јадачи“ на енергија. Кога купувате, треба да обрнете внимание на неколку фактори: големина, карактеристики и ефективност. Има посебен акцент на големината. Поголемите фрижидери исто така трошат повеќе. Проценетата големина на фрижидерот за едночлено домаќинство е 100-140 литри простор, а за четиричлено домаќинство може да се користат 50 литри по лице од истиот простор. Оптималната температура на фрижидерот е седум степени. На таа температура, храната ќе биде доволно изладена, а потрошувачката на енергија ќе биде помала отколку на пониски температури.

Вториот најголем потрошувач на енергија е машината за перење. Корисен совет е да барате машини кои имаат можност за прилагодување на потрошувачката на вода, бидејќи тие исто така штедат електрична енергија. Подобро е да се избегнува миење на високи температури. На пример, миењето на 95 степени е непотребно. Денешните детергенти за перење ги отстрануваат дамките на температури од 30 или 40 степени, а само за екстремно валкани алишта можете да ја поставите машината на максимални 60 степени. Намалувањето на температурата при перење алишта ја намалува и потрошувачката на струја за една третина.

Машината за сушење алишта е уште еден уред кој троши големи количини на енергија. Се препорачува алиштата да се исушат природно. Ако тоа не е можно, треба да обрнете внимание на неколку работи. На пример, потрошувачката на енергија е помала кога се сушат алиштата со 1200-1400 вртежи во минута. Ако купувате машина за сушење, размислете да купите машина со сензор за влажност. Имено, тој тип на машина за сушење автоматски се исклучува откако ќе се достигне одредено ниво на сувост на алиштата.

За машината за миење садови важат истите правила како и за алиштата – пониска температура, помала потрошувачка. Оптималната температура за миење садови е 50 степени.

Шпоретите на плин се сметаат за најдобар уред за потрошувачка на електрична енергија бидејќи трошат дури 30 проценти помалку енергија од конвенционалните. Ако ја додадете употребата на шпорет под притисок, потрошувачката на електрична енергија е 60 проценти помала во споредба со стандардните тави.

Лаптопот троши помалку електрична енергија од класичниот компјутер.

Компјутерите се следниот голем потрошувач на електрична енергија. Ако сакате да купите компјутер, размислете за лаптоп, бидејќи троши помалку енергија од класичен компјутер.

Јосип: Три години немав покачување, а Германците веднаш ми дадоа 2.500 евра

Јосип Хорват од Ивановац три години во својата земја не можел да добие покачување од 400 куни, односно коефициент кој му следува за работното место, кое било специфично, а во Германија веднаш добил 2500 евра плата.

Но, објаснува дека на Германците им било потребно помалку од еден час време за да сфатат колку вреди неговото искуство, сертификати и знаење, пишуваат хрватските медиуми.

Се пријавил за работно место заварувач во Германија, по што му понудиле 12 евра по работен час, но откако кажал дека знае германски јазик, сумата скокнала на 18 евра.

Но, тука не завршило, откако раскажал колкаво работно искуство има, крајната сума била 20 евра.

По три месеци за работен час почнале да му исплаќаат по 24 евра, а му понудиле и од 200 до 400 евра помош за плаќање на стан.

Хорват вели дека работата е физички тешка, но се работи со нормално темпо, без брзање и притисок.

Тој работи во голема фирма, која извезува во Америка и има 300 вработени.

„Овде се смета за штета ако фирмата не искористи нечие знаење и вештина“ – вели тој.

За секој бравар, монтер или заварувач кој ќе го однесе од Хрватска во Германија, газдата му нуди од 200 до 300 евра.

Видео: Последните зборови на еден татко кој своето срце му го подари на неговиот син

Бидејќи времето истекувало многу брзо, а семејството немало толку финансии, колку што биле неопходни за операцијата, самиот татко решил да го подари своето срце на неговиот сакан син.

Таткото во ниту еден момент не се посомневал во својата храбра одлука.

Во еден момент, синот го прашал својот татко: -Тато, а што ќе ми подариш за следниот роденден?

Тогаш таткото решил да му напише писмо на својот син, насловено со зборовите „Ти го подарив моето срце“.

Ова е една многу трогателна, а воедно и поучна случка за многу луѓе. Бидејќи колку многу пари се трошат на бескорисни работи, а овој човек ја немал потребната сума од која зависел нечиј живот, па според него, го направил најразумниот чекор. Еве кои биле последните зборови на таткото, кои ги напишал во писмото наменето за неговиот син:

„Здраво сине, Ти најдов ново срце… Едноставно посакав да ти кажам неколку нешта. Сакам секогаш да ја слушаш твојата мајка, бидејќи таа е твојата најдобра пријателка и бидејќи семејството е многу важно.

И девојките…Сè уште си мал за нив, но кога ќе дојде време и за тоа, однесувај се кон нив како кон принцези. И доколку си рекол нешто, и доколку си ветил нешто, направи го тоа, бидејќи твојот збор мора да вреди.

И доколку имаш можност да заработиш пари, искористи го тоа, дури и ако тоа понекогаш значи да ја наведнеш главата.

Не биди глупак како татко ти. Сè ќе биде многу полесно, доколку имаш пари. Не пуши цигари, не консумирај наркотици, секогаш обиди се да бидеш добар и чесен човек.

Доколку некој се обиде да те повреди, биди маж и заштити се. И внимавај лошите денови да не те скршат. Во животот има многу убави нешта.

Јас секогаш ќе бидам овде до тебе. Точно тука (посочува кон срцето). Ќе се видиме подоцна сине.

Те сакам! “

Популарно