Предлог за денешен ручек

Посни шницли во сос од печурки

СОСТОЈКИ:

1 шолја ориз

2+2 лажици брашно

бибер

сол

масло

2 лажици суви печурки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Оризот исчистете го, измијте го, згответе го, изладете и измешајте со една полна лажица брашно. Додајте малку бибер и сол, па од добиената маса правете шницли и секоја извалкајте ја во брашно (од прилика 2 лажици).

Во тенџере ставете масло, добро загрејте, па пржете ги шницлите.

За сосот, измијте и згответе печурки во солена вода. Исечкајте ги на тенки резанки, малку пропржете ги на масло, па додајте лажица брашно и посолете по вкус.

Шницлите од ориз наредете ги на чинија па прелијте ги со сос од печурки.

Послужете со сезонска салата и уживајте во сочниот посен ручек.

Летна мусака: Здрав оброк за целото семејство

Ако сте на диета, оваа мусака е вистински избор за вкусен ручек…

СОСТОЈКИ:

600 гр млади компири

4-5 зелени пиперки

1 праз

1 морков

50 гр ориз

зачинска пипер

1 поголем домат

малку зачини

сол

лук во гранули

масло

Начинот на подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Извор: Готви.мк

Предлог за денешен ручек

Идеално топло печиво…

СОСТОЈКИ:

600-700 гр брашно

100 мл млако млеко

100 мл млака вода

70 мл масло

1 јајце

1 лажица кристал шеќер

1 лажица сол

1 кесичка сув квасец

200 гр ситно сирење

јогурт

крем сирење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Замесете глатко тесто, поделете го на 8 кори. Секоја кора наполнете ја со сирење. Редете во калап. Преку корите прелијте разматена жолчка, јогурт и крем сирење. Печете на 180 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Предлог за денешен ручек

Вкусен ручек, брза подготовка…

СОСТОЈКИ:

500 гр компири

50 гр суви сливи

400 гр печурки

100 гр сланина Пекабеско

4 свински кременадли

1 лажица маст

сол

бибер

зачин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги компирите со средна големина, исечкајте ги на половини, посолете па ставете во намастен плех со маст.

Исчистете ги печурките, ставете зачин и малку бибер, па измешајте ги со компирите. Потоа додајте суви сливи и сланина исечкана на крупни делови. Преку наредете кременадли, посипете со билни зачини, ставете 100 мл вода и ставате да се пече на 200 степени.

Извор: Готви.мк

Популарно