ФОТО: Погледнете што прави дел од нашата естрада во самоизолација

Веќе на сите нѝ е добро познато што се случува, дека ситуацијата е сериозна и дека мора да се почитуваат воведените мерки од владата, за што побрзо да заврши овој по малку мрачен период.

И, додека секојдневно слушаме и читаме разни вести, додека стравот можеби нѝ расте и се прашуваме до кога ќе трае целава агонија - Точка исконтактира мал дел од естрадата, за да види како тие го поминуваат овој период.

Воглавно никој не се 'пожали' од седењето дома, веројатно бидејќи на сите нѝ е потребен одмор, време за себе, време за семејството, за неизгледаните серии, за средување на ормарите...

Погледнете како Димитар Атанасовски, Кристина Арнаудова, Бени Шаќири, Андреј и Панчо, Татјана Стојановска и Васил Зафирчев ги поминуваат деновите во изолација, секако, сето тоа проследено со 'фото-докази'.

Димитар Атанасовски

„Времето во самоизолација го поминувам дома (нормално), иако за мене тоа е погубно, бидејќи сум невиден мерач на улици и најтешко ми паѓа што не можам да се движам баш во текот на денот. Единствена утеха во тој дел ми е што барем одам 2 саати на радио и колку-толку менувам положба.

Инаку, во самоизолација најубавото нешто е тоа што имаш време за работи кои си ги заборавил дека сакаш да ги правиш: готвам секој ден како ненормален, средувам шкафови, и најубавото нешто - имам време за играње дома и детски лудории. Од филмови изгледав сè, сега се мислам да почнам да вежбам, зошто кај и да е ќе почнам да се мерам во тони.“

Кристина Арнаудова

„Темпото на живеење го прилагодивме кон новите околности. Не го доживуваме ова како стрес. Да не заборавиме дека живееме во удобноста на нашите домови, додека сè уште има луѓе на светов кои живеат без храна, вода... во воени услови. Дома свириме, играме игри, готвиме заедно, го средуваме домот. Со сопругот си направивме некоја мала импровизирана теретана со импровизирани справи и секојдневно вежбаме.

Еден ден решив да се нашминкам и да се дотерам и отидов да фрлам ѓубре. Не смееме да западнеме во апатија... “

Панчо

„Па не ми е убаво тоа што сум дома како и на сите 99% луѓе. Цел мој живот јас сум научен да живеам помеѓу луѓе и црпам енергија од нив односно ја разменуваме. Исто така ужасно ме нервираат неодговорните и несовесни сограѓани што се прават многу 'умни' и изиграваат 'херои' излегуваат надвор, се групираат, а со тоа само го усложнуваат процесот на завршување на целата оваа ситуација.

'Добро' во целава ситуација ми е тоа што конечно се осеќам одморен и наспан после дооооолги години :)

Пишувам, творам, читам, преслушувам музика, па се надевам дека некои текстови ќе се искористат за следниот албум на ДНК. Како и да е, искрено се надевам дека од оваа цела лудорија ќе излеземе само како појаки и подобри луѓе. А до тогаш #седете_дома и #бидете_кул и преслушате го нашиот live stream “концерт” кои го направивме пред 10-на дена за сите вас кои ви е досадно по дома.“

Васил Зафирчев

„Јас и Беба уживаме во карантин. Со јога, медитација и здрава храна одржувам позитивен дух и висока вибрација.“

Татјана Стојановска

„Одам на работа и затоа одговорноста за самозаштита и заштита на моите колеги, како и моето семејство е уште поголема. Ги преземам сите мерки и ги почитувам сите препораки.“

Бени Шаќири

„Овие фотографии вистински ја отсликуваат мојата секојдневна активност - трчање на кеј. Без спорт нема живот. Ако за нешто е добра целава ситуација, тоа е бавење со џогинг. Она што можеш секојдневно да го правиш без да брзаш никаде - 'натенане', сам. Се подразбира, со прописно растојание од цел свет.

Не би да разглабам за новонастанатата ситуација, ги гледам само добрите страни. Еве, трчањево ми е вистинска страст и уживање. Не трчам за медали и саморекламирање. Трчам за себе и уживам во тоа. Само позитивно, другари.“

Андреј - ДНК

„Никогаш толку време во денот не сме биле заедно фамилијарно, нели обврски - градинка, настапи... Сега сите на куп сме по 24 часа и искрено не ни е досадно. Свириме, пееме, чистиме. Почесто пробуваме нови специјалитети, гледаме серии, документарци и има еден момент од денот кога нè фаќа малку сафра за шеткарање на воздух, ама тоа е... Ќе издржиме - за доброто на сите!“

ВИДЕО: Сѐ се виде - Карлеуша претера!

Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм објави серија фотографии и видео на кое носи само црни ленти на интимните делови од нејзиното тело.

Пејачката наизменично се менуваше во пози во високи чизми, а огромната опашка служеше како покривка во клучните моменти.

Дополнително, Јелена посвети посебен пост на ЛГБТ заедницата: „Ги исклучив коментарите поради ужасно болните навреди во коментарите на оние кои се борат за „нормалност“. Претпоставувам дека мислат дека е нормално да мразат, навредуваат и напаѓаат. Па нека си го тргнат гневот на мама што ги воспитала така!“, ја започнала објавата Карлеуша.

„Со големо жалење го прифатив фактот дека гордоста во Белград е откажана. Уште пострашно ми е што во овој момент се случуваат некакви немири каде наместо љубов, толеранција, еднаквост и слобода за сите , зборовите на омраза се слушаат под превезот на нормалност! Омразата не е нормална, омразата е болест. Белград е град кој сака да ги поддржува сите луѓе без разлика на нивната боја на кожа, верска или сексуална определба! Јас како граѓанин на Белград и како највлијателна и навидум најхрабра јавна личност, никогаш нема да дозволиме нашите сограѓани припадници на ЛГБТ заедницата да се чувствуваат помалку достојни, еднакви или слободни! Омразата не е решение и нема да ја толерирам“, заклучи Карлеуша, која и нејзините следбеници на Инстаграм ги почести со разголено издание...

(Фото) Тома и Силвана заедно јадат пилешко со прсти

На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледаат тројцата починати легендарни пејачи Тома Здравковиќ, Силвана Арменулиќ и Бора Дрљача.

Тоа бил свечен прием организиран од локални организатори.

Тогаш Тома и Бора биле на почетокот на кариерата, додека Саилвана веќе била на врвот. Пејачката дружина била срдечно пречекана, а доказ за тоа е интересна фотографија на која јадат печено пилешко. Немало нож и вилушка, послатко им било да јадат со прсти.

По прикажувањето на филмот „Тома“, многумина се прашаа дали Тома навистина бил вљубен во Силвана.

Вдовицата на Тома, Гоца Здравковиќ, во една прилика искрено изјави дека мисли дека меѓу нив имало специфичен однос.

– Ми кажа за Силвана, дека биле добри другари, пријатели. Мислам дека имаше специфична врска меѓу него и Силвана. Познавајќи го мојот сопруг, бидејќи беше заљубљива природа, веројатно бил заљубен во неа, бидејќи таа беше недостижна за него во тоа време. Кога таа почина, тој беше навистина очаен. Не можеше да разбере дека ја нема. Имаа специфична врска, во секој случај се работеше за емоции, рекла таа.

ВИДЕО: Убавата српска пејачка се соблече во живо во емисија кај „Ами Џи“

Милица Павловиќ (31) кај македонската публика стана популарна со улогата во хит серијата „Певачица“, а српската јавност добро ја знае по нејзината музичка кариера.

Пејачката за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ се најде пред  предизвик за кој буквално ќе се зборува уште долго. Или поточно пред „топлес предизвик“!

Имено, Павловиќ доби предизвик да го соблече зелениот корсет кој го носеше на себе,  откако загуби во играта која ја играше во шоуто.

Пејачката прво го соблече накитот на себе, а потоа водителката и помогна додека таа го соблекуваше горниот дел од облеката.

По ова, пејачката остана топлес прекриена само со розов пешкир.

„Не сум кукавица, ама…! Не можам да верувам дека ова го правам. Дали сте сигурни дека одзади нема камера? Ништо не се гледа?“ – цело време зборуваше пејачката додека се соблекуваше.

Популарно