Предлог за денешен ручек

Посни шницли во сос од печурки

СОСТОЈКИ:

1 шолја ориз

2+2 лажици брашно

бибер

сол

масло

2 лажици суви печурки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Оризот исчистете го, измијте го, згответе го, изладете и измешајте со една полна лажица брашно. Додајте малку бибер и сол, па од добиената маса правете шницли и секоја извалкајте ја во брашно (од прилика 2 лажици).

Во тенџере ставете масло, добро загрејте, па пржете ги шницлите.

За сосот, измијте и згответе печурки во солена вода. Исечкајте ги на тенки резанки, малку пропржете ги на масло, па додајте лажица брашно и посолете по вкус.

Шницлите од ориз наредете ги на чинија па прелијте ги со сос од печурки.

Извор: Готви.мк

Видео: 6,7 проценти од починатите од Ковид-19 во државата не стигнале до болница!

Расте бројот на заразени и на починати од Ковид-19. Изминатата недела според податоците од Институтот за јавно здравје биле регистрирани за 35 проценти повеќе лица позитивни на вирусот во споредба со претходно анализирана недела. Речиси двојно е зголемен и бројот на починати и во перидот од 14-ти до 20-ти септември дури 48 лица починале како последица на Ковид-19 за разлика од 27 кои биле евидентирани во периодот од 7ми до 13 септември. Само во последните три дена починале 17 лица од кои најмладиот има само 23 години. 

Според податоците од здравствените власти, 47 или 6,7 проценти од починатите, не стигнале да побараат лекарска помош и починале во домашни услови. 

Министерството за здравство веќе ги задолжи директорите на болниците и клиниките каде третираат лица со Ковид-19, да направат анализа на што се должи зголемената смртност и како ги лекувале овие пациенти.

Филипче најави враќање на рестриктивните мерки поради состојбата со Ковид-19

Министерот за здравство  Венко Филипче  на денешната прес-конференција најави евентуални нови рестриктивни мерки поради влошување на состојбата со Ковид-19

Тој рече дека целта е да се избегнат рестрикции на движење и закочување на економијата, но ако е нужно, и тоа ќе се направи.

Доколку се влоши состојбата, како мерки кои во следниот период ги планира Комисијата за заразни болести се задолжително носење на маски на отворено, ограничен број на лица на маси во угостителски објекти, забранети групирања надвор и во семејствата, забранети настани, силни контроли, намалување на капацитетот на јавниот превоз

„Ако сега се почитуваат сите мерки нема да ни треба никакви ограничувања. Ова се поблаги рестрикции за да не стигнеме до некои поригорозни мерки. Спремаме план бидејќи видовме искуство од другите земји,“ рече Филипче и додаде дека ќе се воведат ако се оцени дека корона вирусот неконтролирано се шири, а карантин не се планира.

Тој упати апел за почитување на мерките, за да не мора рестрикциите да ја закочат економијата што би значело губење на работни места, но и оптоварување на здравствениот систем

Пилешки компир паприкаш

Ручек за целото семејство…

СОСТОЈКИ:

300 гр пилешко месо

40 мл масло

1 главица кромид

1 црвена пиперка

2 мали рендани моркови

1 чешне лук

1 домат

сув зачин

бибер

слатка зачинска пипер

сол

2-3 компири

бела запршка

свеж магднос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во загреано тенџере додајте масло, кромид и пилешко. Продинстајте десетина минути. Додајте пиперка, морков и лук. После 15 минути готвење додајте домати. Продолжете со готвење. Зачинете по вкус. Додајте исечкани компири. Гответе на умерена температура 20-25 минути. Додајте бела запршка и свеж магднос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Готви.мк

Популарно