Српскиот епидемилог Бранислав Тиодорвиќ: ОД ЈУНИ ЌЕ ЖИВЕЕМЕ НОРМАЛНО, ВИРУСОТ ГО УНИШТУВААТ УЛТРАВИОЛЕТОВИТЕ ЗРАЦИ

До крајот на мај ќе успееме да се избориме со новиот коронавирус, а од јуни ќе почнеме да се враќаме на нормалните животни текови, вели еден од најпознатите српски епидемиолози, проф. др Бранислав Тиодоровиќ.

Тој сепак појаснува дека можеби со почетокот на есента, новиот коронавирус повторно да нападне, но нема да биде волку многу силен, како што е сега.

-Никој, па ниту Србија не може да избегне нешто што е пандемија, нешто што се шири по цел свет. Тоа што ќе стигне во Европа не може да не заобиколи, па е многу логично да го имаме и тука. Пандемијата за сега ја нема само во Африка, односно има импортирани случаи, но нема масовно заболување. Секаде каде што е премногу топло, го нема вирусот. Тој има масен штит, кој на топло се топи и така се иништува, а најмногу го убиваат ултравиолетовите зраци. Се надеваме дека мај ќе биде топол месец, а најважни се ултравиолетовите зраци и УВ индексот да биде над 3. Така може да очекуваме дека во мај ќе дојде до нагло опаѓање на заболувањата и дека ќе влеземе во контролирано следње на епидемијата. Вирусот не ја трпи температурата под 0, но и онаа над 23 степени, вели професорот Тиодоровиќ.

Мајката на Данка бришела пораки од телефонот

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Имено, како што пренесе Пинк.рс многу пораки и податоци за повици се избришани.

„Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“ рекол изворот за Пинк.рс.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Популарно