ФОТО: Хрвати се врзаа за столиците откако отворија кафитериите

Порачале еден куп кафиња и пијалоци за да го надохнадат тоа што го пропуштиле. Хрватска влезе во третата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки, па вратите ги отворија угостителските објекти.

Андреј Штос и Силвио Сафунџиќ, едвај го дочекаа отварањето на омилениот локал во Славонски брод, па дошле во кафичот и се врзале со синџири за столиците.

Андреј и Силвијо велат дека тоа го направиле во случај да не повторно има нови забрани.

Веднаш нарачале повеќе кафиња и пијалоци за да го надохнадат она што го пропуштиле во изминатите два месеци.

Извор: Маркуле

Луѓето родени во септември се посебни

Нивниот шарм е неодолив и заразен, а тие се едни од најљубезните луѓе кои ќе ги запознаете. Имаат одлично око за убавина и естетика и не губат време, бидејќи секогаш се посветени на своите цели.

Накратко, ова се некои од карактеристиките на луѓето родени во првиот месец од есента.

Љубезни и дипломатични

Родените во септември се љубезни личности кои знаат што е емпатија и кои се одлични другари и партнери. Поради својот директен пристап, но и грижа за другите, тие најчесто се најдобри адвокати и наставници.

Шармантни и неодоливи

Луѓето родени во овој месец се одлични со зборовите, убедливи се и директни. Тие вешто ги користат триковите на дипломатијата и јавното говорење и се многу убедливи. Ако познавате некого кој е роден во септември, тогаш веќе ви е познато колку се тие шармантни и неодоливи.

Грижливи и посветени

Луѓето родени во овој месец често многу размислуваат и тоа на различни теми. Но, во односот со другите луѓе, тие се многу грижливи, посветени и лојални. Често размислуваат премногу и сакаат да помогнат насекаде, па делуваат изгубено во своите мисли. Тешко е да го смирите својот ум, но тоа е бидејќи во него ги носат и туѓите проблеми.

Перфекционисти кои го преферираат својот начин

Луѓето родени во септември се перфекционисти кои веруваат дека нивниот начин е најдобриот начин и поради тоа сакаат да водат или пак да работат сами.

Не сакаат да губат време со луѓе кои се мрзеливи или пак кои не целат кон успех во животот. Кога се вложуваат се вложуваат со целото срце.

Ја обожаваат храната

Често сакаат да готват за другите и да се социјализираат на тој начин или пак да се поврзат со другите личности на нов начин преку храната. За нив, добрата храна е дел од хедонизмот и важен аспект од нашето живеење.

Видео: Полицијата запрела Американец, не можеле да поверуваат што вози на совозачкото место

Полицијата во Норфолк, Небраска добила пријава за маж кој вози по патот со нешто што личело на крава во неговиот автомобил.

Веднаш излегле на терен, мислејќи дека тоа е некое помало суштество бидејќи немале поим како инаку кравата би се сместила во автомобил. Она што го очекувале не било ни сенка од она што им се покажало во реалноста – на совозачкото седиште седел симпатичен и многу мирен бик Ватуси, вид на говеда позната по големите рогови.

Двајцата лежерно се возеле по патот кога полицијата ги запрела. Биле многу мирни додека полицаецот ги испрашувал и некој човек би рекол дека вака возат секој ден, пишува The Guardian. Документите на возачот покажале дека се вика Ли Мејер, а полицијата морала да го прифати зборот дека неговиот патник се вика Хауди Дуди.

Откако се смирил, полицаецот морал да напише предупредување. Покрај тоа, му наредил да го врати Хауди таму каде што го нашол и веднаш да го напушти градот. Ли го направил тоа, а очигледно тој и бикот се среќаваат со години и им станало еден вид традиција да се возат на овој начин.

Саша Ковачевиќ со оваа објава на Инстаграм ги сруши женските фантазии

Српскиот пејач, Саша Ковачевиќ, со последната објава на Инстаграм им ги скрши срцата на многу жени ширум светот.

Пејачот на својот профил на Инстаграм објави две фотографии со кои и го честита роденденот на својата девојка Зорана, а истите направија бура од реакции во јавноста.

Саша и Зорана се неколку години во врска, а пред неколку месеци во едно интервју пејачот како да наговести дека ќе заплива во брачните води, па оттука се поставува прашањето, дали по ваквата честитка за роденден, следно е предлог за брак?

Популарно