ВНИМАВАЈТЕ: Низ Тетово фрлаат отрови за помор на улични кучиња

Синоќа, за време на полицискиот час, расфрлан е отров на повеќе места во Тетово, при што повеќе улични кутриња се отруени.

Но, исто така сведочи и овој пост, на жителка на блок 70 во Тетово, каде се отруени две кутриња.

Но, исто така сведочи и овој пост, на жителка на блок 70 во Тетово, каде се отруени две кутриња.

За тоа сведочат и овие фотографии кои ни ги испратија тетовчани.

На МОНСТРУМОТ сакам да му кажем ја нема да те колнем, ја нема да те вреѓам, ја не посакуам никому зло... Ама ќе те стигне секоја наша солза. Ќе те стигне секоја секунда што Маја и Кенди ја пројдоја у агонија. Сигурна сум дека ме читаш, ти или твои деца, внуци што и да имаш... Не знам како спиеше претходната вечер. Не знам како ќе излезеш мирно и спокојно да шеткараш низ парк. Еве не знам стварно. ...

ЛЕКАРИТЕ ВО ШОК, СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА - имала ли младата девојка нешто што не знаела

Можно ли е да имала претходни коморбидитети за кои не знаела таа или нејзиното семејство.

Лекарите уште се шокирани од смртта на младата 24 годишна девојка која почина во изминатото деноноќие на Инфективната клиника.

Ќе се бара помош и од МАНУ за да се откријат причините за смртта. 

За младата пациентка од Тетово која денеска на Инфективната клинука почина од КОВИД-19 не било пријавено дека има хронични заболувања, но лекарите во следните денови ќе разговараат и со семејството, за да утврдат присуство на можни коморбидитети. 

„Пациентката била болна една недела пред прием на Клиниката за инфективни болести. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Лекувана е од матичен лекар со инфузиони раствори 4 дена, а поради опстојување на тегобите, се јавила во болницата во Тетово. Направен е тест за ковид, добиен е позитивен наод и пациентката е хоспитализирана. Со тешка клиничка слика, ниска сатурација и отежнато дишење е префрлена на Инфективната клиника во Скопје на 28 јуни“, објаснуваат од МЗ.

Во тек на лекувањето на клиниката, како што нагласуваат, биле применети сите можности за лекување, по што се забележало извесно подобрување, но краткотрајно, со наредно повторно влошување и клинички знаци на срцева слабост и белодробна тромб емболија. 

Видео: ЕЧИ ОБИЏУКО И НИКОЈ НЕМА ЗАШТИТНА МАСКА - спорна забава во локал во Охрид

Без почитување на здравствените протоколи и мерките на заштита, вчера во кафулето Ликвид во Охрид се одржала забава на млади луѓе, пишува порталот Охрид Скај, кој како аргумент за тоа пренесува и видео од забавата, кои можеле да се најдат на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Покрај тоа што, како што пишува порталот, не се почитувале здравствените протоколи што се побарани од властите, а тоа е носење на заштитни маски и држење на социјална дистанца, на забавата биле пуштани и пародии на песни со кои се исмева техничкиот премиер Оливер Спасовски, за неговото неодамнешно зборување на ромскиот јазик. 

Погледнете го видеото

Шекеринска: Идниот премиер ќе биде Зоран Заев, ние успеавме да докажеме дека имаме лидер кој ги обединува граѓаните

На прашањето дека во ДУИ се чувствува вознемиреност откако беше напоменато од СДСМ, дека можно е да се формира Влада без албанска пратија, носителката на кандидатската листа во Петтата изборна единица на коалицијата „Можеме“ во емисијата „Парламентарни избори“ на Телам, Радмила Шекеринска изјави дека идниот премиер ќе биде Зоран Заев кој ја има поддршката кај сите граѓани.

-Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде премиер и каков ќе биде составот. Идниот премиер ќе биде Зоран Заев да Македонец кој ја има поддршката кај сите граѓани, ние како држава успеавме да докажеме дека имаме лидер кој ги обединува граѓаните , а не ги разделува, тој Заев го жртвуваше животот за Џафери да стане преседател на Собранието, изјави  Шекеринска.

Популарно