ФОТО: Најдено е девојче кај Бит пазар

Ова девојче е пронајдено кај пешачкиот мост до Бит Пазар. Во моментов е згрижено во полициската станица Бит Пазар споделете да го препознаат родителите, стои во ФБ статусот на извесен Џем Лама.

Владиката Агатангел: Венчавајте се млади, не чекајте да се смири ситуацијата

И покрај ширењето на заразата во земјава, младите да не ги одложуваат стапувањето во брак и венчавката во црква, само зашто потоа нема да можат да направат прослава во ресторан со многу гости. Ова е повикот што владиката Агатангел, одговорен за Повардарската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, им го упатува на младите, како и на сите оние што во овој период планирале да стапат во брачна заедница, а биле оневозможени поради рестрикциите и мерките за заштита, кои препорачуваат да не се одржуваат поголеми веселби и свадби. Тој е единствениот владика на МПЦ, кој во овој период на криза во земјата излезе со ваков апел кон младите луѓе.

– Новата заразна болест, која се прошири низ целиот свет ни го наруши животот на сите, ни ги измени сите планови. Како христијани не смееме да кукаме и да се плашиме, туку да најдеме нов начин на живеење.

За последните времиња во Евангелието се вели дека „луѓето ќе се женат и ќе се мажат“, односно, животот ќе си тече како и обично, па, така, и во текот на оваа ситуација мораме да вложиме усилба да си го живееме животот со претпазливост, но и без паничен страв. Многу млади парови планираа годинава да се венчаат, да го исполнат сонот на нивните родители, да започнат самостоен живот, но, како што рековме, плановите се нарушија. Многумина ги одложија венчавките, затоа што не можат да направат свадба во ресторан. Сите вие млади, кои планирате да стапите во брак, не одложувајте го тој момент туку и без свадба венчајте се во црква, да добиете благослов божји за брачен живот, па свадбата нека биде в година, заедно со крштевката – посочува владиката Агатангел.

Според него, децата на крштевање треба да се носат додека се мали, во присуство на помалку луѓе, бидејќи ако се одложи крштевањето, како што посочува митрополитот, тоа може долго да потрае, а децата растат, почнуваат да се плашат и да се срамат и може да останат некрстени.

– Сите вие млади, кои имате веќе 20 години, ве повикувам да бидете совесни и одговорни во вашите врски. Од менување многу партнери и партнерки нема да добиете голема полза, освен гревовен товар, кој подоцна ќе ви се одрази во животот.

Бидете внимателни еден кон друг, не повредувајте се, не навредувајте се, никако да не абортирате, никако да не изневерувате, независно дали сте во брак или во врска, и подготвувајте се за брак во помлада возраст, за да можете да добиете деца, но и да видите чеда од вашите деца. Векот е сѐ пократок, и да не го губиме времето на непотребни нешта. Како духовен родител на оваа епархија, се молам Бог да ве просветли и да ви го исчисти патот од сите пречки и со негов благослов да стапите во стабилна брачна заедница – посочува владиката Агатангел.

Извор: Нова Македонија

ЛЕКАРИТЕ ВО ШОК, СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА - имала ли младата девојка нешто што не знаела

Можно ли е да имала претходни коморбидитети за кои не знаела таа или нејзиното семејство.

Лекарите уште се шокирани од смртта на младата 24 годишна девојка која почина во изминатото деноноќие на Инфективната клиника.

Ќе се бара помош и од МАНУ за да се откријат причините за смртта. 

За младата пациентка од Тетово која денеска на Инфективната клинука почина од КОВИД-19 не било пријавено дека има хронични заболувања, но лекарите во следните денови ќе разговараат и со семејството, за да утврдат присуство на можни коморбидитети. 

„Пациентката била болна една недела пред прием на Клиниката за инфективни болести. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Лекувана е од матичен лекар со инфузиони раствори 4 дена, а поради опстојување на тегобите, се јавила во болницата во Тетово. Направен е тест за ковид, добиен е позитивен наод и пациентката е хоспитализирана. Со тешка клиничка слика, ниска сатурација и отежнато дишење е префрлена на Инфективната клиника во Скопје на 28 јуни“, објаснуваат од МЗ.

Во тек на лекувањето на клиниката, како што нагласуваат, биле применети сите можности за лекување, по што се забележало извесно подобрување, но краткотрајно, со наредно повторно влошување и клинички знаци на срцева слабост и белодробна тромб емболија. 

Видео: ЕЧИ ОБИЏУКО И НИКОЈ НЕМА ЗАШТИТНА МАСКА - спорна забава во локал во Охрид

Без почитување на здравствените протоколи и мерките на заштита, вчера во кафулето Ликвид во Охрид се одржала забава на млади луѓе, пишува порталот Охрид Скај, кој како аргумент за тоа пренесува и видео од забавата, кои можеле да се најдат на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Покрај тоа што, како што пишува порталот, не се почитувале здравствените протоколи што се побарани од властите, а тоа е носење на заштитни маски и држење на социјална дистанца, на забавата биле пуштани и пародии на песни со кои се исмева техничкиот премиер Оливер Спасовски, за неговото неодамнешно зборување на ромскиот јазик. 

Погледнете го видеото

Популарно