Еве како да подготвите сочни телешки шницли…
СОСТОЈКИ:
500 гр телешко месо
10 гр путер
1 лажица маслиново масли
100 гр морков
100 гр целер
100 гр кромид
150 мл бело вино
150 мл павлака за готвење
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На растопен и загреан путер и масло пропржете ги телешките шницли, кои претходно сте ги зачиниле.
Извадете ги шницлите на страна и во истото масло пропржете сечкан кромид, морков и целер. Прелијте со бело вино и гответе неколку минути.
Вратете ги шницлите, додајте павлака за готвење и гответе уште десетина минути додека сосот не згусне.
Извор: Готви.мк