Предлог за денешен ручек

Вкусен ручек, брза подготовка…

СОСТОЈКИ:

500 гр компири

50 гр суви сливи

400 гр печурки

100 гр сланина Пекабеско

4 свински кременадли

1 лажица маст

сол

бибер

зачин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги компирите со средна големина, исечкајте ги на половини, посолете па ставете во намастен плех со маст.

Исчистете ги печурките, ставете зачин и малку бибер, па измешајте ги со компирите. Потоа додајте суви сливи и сланина исечкана на крупни делови. Преку наредете кременадли, посипете со билни зачини, ставете 100 мл вода и ставате да се пече на 200 степени.

Извор: Готви.мк

Уштипци од пилешко со сирење и прелив од печурки

Вкусни уштипци со неодолив прелив од печурки.

СОСТОЈКИ:

500 гр пилешко бело месо

4 лажици Пекабела павлака

200 гр трапист сирење

40 гр пармезан

3 јајца

150 гр брашно

300 мл масло

сув зачин

сол

бибер

2 лажици путер за прелив

300 гр шампињони за прелив

300 мл Пекабела павлака за прелив

магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пилешкото сомелете го во машина за мелење и соединете го со павлака, трапист сирење исечено на коцки,пармезан и јајце. Се зачинете по вкус и добро соединете ја масата. 

Од подготвената маса обликувајте топчиња, потоа извалкајте ги во брашно, па во разматени јајца. Потоа пржете ги на врело масло од сите страни додека не поруменат. 

Во тефлонска тава растопете путер, додајте шампињони исечени на листови и пржете додека не поруменат. 

Кога шампињоните ќе омекнат, додајте павлака и гответе на умерена температура 10 минути, пред крај зачинете по вкус и посипете со сечкан магдонос. Подготвениот прелив послужете го со пржените уштипци.

Извор: Готви.мк

Нов симптом на Kовид-19

Коронавирусот досега зарази повеќе од 10 милиони луѓе во целиот свет. Иако добро ги знаеме симптомите на вирусот, Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување за еден важен симптом што не беше спомнат порано.

Според тврдењата на СЗО, алармантен симптом на коронавирусот може да биде и искашлувањето крв. Сепак, треба да се има предвид дека ова е многу редок знак на инфекција, но многу алармантен и се манифестирал во 1 отсто од случаите од 56.000 потврдени случаи на коронавирус.

Според Националната здравствена организација во Британија, крвта потекнува од белите дробови како резултат на кашлицата или инфекцијата на белите дробови.

Крвта може да биде светлоцрвена или во вид на исплукување (плунка) обоено со крв. Ова е алармантен знак на инфекција кај постарите лица и кај оние што пушат.

Ако сте искашлале крв, дури и само неколку капки, важно е за тоа да го информирате лекарот. Вообичаени причини за искашлување крв се долготрајната кашлица, инфекцијата на белите дробови или бронхоектазија.

Врската помеѓу коронавирусот и цигарите

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тешко заболување и смрт од коронавирусот кај пациентите во болниците, иако не можеле да прецизираат колкави се тие ризици.

Во научните истражувања објавени оваа недели, здравствената агенција разгледала 34 објавени студии за поврзаноста на пушењето и ковид-19, вклучувајќи ја и веројатноста од зараза, хоспитализација, тешки болести и смрт, пренесува АП.

СЗО истакнала дека 18 отсто од хоспитализираните пациенти од коронавирус се пушачи и дека постои значајна поврзаност помеѓу тоа дали пациентите се пушачи или не и тежината на болеста што ја имале, типот на болничка интервенција што им била потребна и ризикот на пациентите од умирање.

– Расположливите докази сугерираат дека пушењето е поврзано со поголема тежина на болеста и смрт кај хоспитализираните пациенти што боледуваат од ковид-19 – наведуваат од СЗО и им препорачуваат на луѓето да престанат да пушат.

Лесен оброк кој ќе ве засити

Ви донесуваме одличен рецепт едноставно летно јадење…

СОСТОЈКИ:

400 гр тиквици

4 лажици рендан пармезан

1 чешне лук

100 гр леб, само средината

50 мл млеко

1 јајце

2 лажици маслиново масло

прстофат-два сол

малку бибер

4-5 лажици лебни трошки

масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измијте ги тиквиците, исушете ги и исечкајте ги на мали коцки.

Загрејте тава, додајте маслиново масло, па малку пропржете издробен лук.

Додајте тиквици и динстајте околу 10 минути. Изладете.

Потопете го лебот во млеко па исцедете. Измешајте јајце со рендано сирење, додајте средина од леб, маслиново масло, сол, бибер и тиквици и добро измешајте. Ако смесата ви е леплива и мека, додајте некоја лажица лебни трошки.

Обликувајте полпети, извалкајте ги во лебни трошки, па ставете ги во фрижидер на половина час.

Испржете ги полпетите на загреано масло во длабока тава и послужете.

Извор: Готви.мк

Популарно