Подгответе плескавици од тиквици

Време е за лесни оброци…

СОСТОЈКИ:

4 изрендани тиквици

2 јајца

5-7 лажици пченично брашно

5 лажици пченкарно брашно

2 лажици гриз

бибер

лук во гранули

сув зачин

свеж магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквиците исцедете ги од вода, додајте јајца, зачинете, додајте брашно и гриз. Убаво измешајте, да се соедини. Вадете плескавици со лажица. Пржете во врело масло.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Извор: Готви.мк

Совршен ручек без месо – лесен оброк

Летото бара лесни оброци полни со зеленчук.

СОСТОЈКИ:

350 гр пиперки

5 јајца

1 павлака

100 гр рендан кашкавал

1 лажичка прашок за печиво

сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разматете јајца, додајте прашок за печиво, посолете, ставете павлака и соединете. Намастете плех, па наредете по две пиперки, преку нив ставете кашкавал па прелијте со претходно разматената смеса. Повторувајте го процесот додека имате материјал.

Печете на 200 степени 20-25 минути.

Извор: Готви.мк

Поховано фета сирење

Брз и вкусен оброк

СОСТОЈКИ:

400 гр фета сирење

1 јајце

брашно

презла

сол

бибер

сув зачин

масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сирењето внимателно исечкајте го на парчиња од по 50 грама. Јајцето пенасто разматете го и зачинете го.

Парчињата сирење извалкајте ги во брашно, потоа во јајца, на крај во презла.

На добро загреано масло пржете го сирењето додека не добие златно жолта боја.

Сервирајте со сос од домати и компир салата.

Извор: Готви.мк

Ахмад Ајад: Кога се разбудив сите мои мускули ги снема

Ахмад Ајад живее „спортски живот“. Тој редовно вежба, јаде здраво, се грижи за своето здравје и не ни се надевал дека коронавирусот може да го „нападне“ и да му го направи животот мизерен.

Но, атлетичарот од Вашингтон бил толку заразен што лекарите во болницата Џон Хопкинс морале да го стават во вештачка кома и да го стават на респиратор.

За тоа време тој изгубил 27 килограми и како резултат има оштетување на белите дробови и на срцето. А до вчера без проблеми се занимавал со спорт и физички бил најподготвен за најекстремните предизвици.

На почетокот на март, отишол на Флорида заедно со својот брат на три дена. Неколку дена подоцна, на 11 март, развил треска и почна да губи тежина.

Следеле кашлање, кивање, губење на апетит … По четири дена, почнал да дише со тешкотии, без сила да оди или да вози автомобил.

„Јас го добивам грипот секоја година и се лекувам од него два или три дена и се чувствувам подобро. Ова не е грип. Луѓето треба да бидат внимателни. Живеете така што мислите дека корона е некој посилен грип и вие нема да го добиете, изјави Ајад за „ВМАР 2 њуз“, а го пренесоа сите светски медиуми.

„Ете, тоа мене ми се случи. Во основа бев парализиран, не можев да се движам. Кога се разбудив од кома сите мои мускули исчезнаа”, ја опиша агонијата Ахмад.

Кога излегол од болница, Ајад морал да помине рехабилитација, која се состоела и од говорна терапија …

Утешно е што два месеци подоцна, тој се вратил на спортски активности и ја вратил физичката кондиција.

„Морав да одам на лого-терапија затоа што не можев да зборувам. Ми требаше социјална терапија затоа што морав да научам да голтам повторно. Физикална терапија беше неопходна за да го разбудам телото. Имав потешкотии во дишењето бидејќи ми се оштетија белите дробови, моето срце исто така е оштетено“, рече американскиот атлетичар.

извор: lokalno.mk

Популарно