Близу две третини или 64 % од добитниците на владините ваучери за помош поради коронавирусот се етнички Албанци, ова го покажува докуменот кој се појави на социјалните мрежи, а потекнува од владината електронска дата база.
Според инфографиката на Владата 16 проценти од добитниците се Македонци а по нив следуваат Роми со 11 %, Турци со 7 % и Бошњаци со 1 %.
Објавената инфографика покажува дека ниту еден Влав или Србин нема да добие картичка за ваучер од Владата. А власта се уште се нема огласено пред јавноста зошто е тоа така.