„Јадев масло и леб, па заработив повеќе од милион евра, а денешниве деца…“

Дара Бубамара е една од најпопуларните пејачки на овие простори која може да се пофали со многу настапи, високи хонорари, недвижнини кои ги има… Но, никогаш не било од така.

Пејачката се врати на своето детство, кога нејзиното семејство немаше доволно пари, па се случуваше родителите да немаат пари освен за масло и леб.

„Успеав, морав да се борам, ништо не ми е дадено на маса. Во животот зработив повеќе од милион евра, а некогаш немав за основни работи. Се сеќавам кога тато сакаше да ми купи фустан или чевли, но немаше доволно пари. На 18 години купив Пунто, а набрзо собрав пари за Мерцедес. Кога купив стан, си реков: Тоа е тоа, не ми требаш ништо повеќе“, кажа Дара.

Заврши љубовната приказна на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ ја прекинаа љубовната врска која траеше 24 години, пишува Стори.хр.

Дека двојката во последните месеци не живее на иста адреса, објави и Јутарњи лист, повикувајќи се на одговорната за комуникација со медиуми на Петар Грашо.

Двајцата одбиле да ја коментираат разделбата, пишуваат хрватките медиуми.

Петар и Данијела се запознале во 1995 година на Дора во Опатија, две години подоцна започнале љубовна врска и никогаш не ја официјализирале со брак.

(Фото) Македонската пејачка се породи, а никој не ни знаеше дека е бремена

Познатата македонска пејачка и докторка Симона Поповска вчеравечер со објавата на својот Инстаграм профил ја изненади јавноста и своите следбенци – таа станала мајка на машко бебенце.

Изненадување за нејзината публика и јавноста беше тоа што никој не знаеше ниту дека пејачката е бремена. Откако вчера на нејзиниот профил се појавија честитки од пријателите сите дознаа дека Симона станала мајка.

Во телефонски разговор за „Бекстејџ“ тазе мама Симона откри зошто ја криеше бременоста, зборуваше и за чинот на породувањето, но и за тоа кое име го одбреле за наследникот.

-Чувството искрено не може ни да се опише,им посакувам ма сите кои што сакаат да се остварат како мајки што побрзо Господ да ги благослови,затоа што ова е еден момент кој што ќе се памети цел живот и не може да се спореди со ништо друго, вели Симона и додава дека породувањето поминало во најдобар ред, а откри и зошто не откриваше деќа ќе стане мајка:

-Jас и бебето сме одлични,имав прекрасен тим,породувањето беше спонтано и тоа е тоа. Веќе избравме име,ќе се вика Никола. Изненадувањта се реално секогаш послатки,јас не сум човек кој ја споделува приватноста ,но не беше намерно туку поради ситуацијата што се случува со ковид-19,периодот ми беше работа дома,чување и тос е тоа, вели пресреќната мајка која го опиша и моментот кога првпат го земала во реце своето чедо.

Кога ми го дадоа во раце доаѓаат солзи радосници и знаеш дека доаѓа нова етапа од животот како никоја досега, го заврши таа разговорот за „Бекстејџ“.

(Фото) Каролина Гочева со три збора го опиша времето во кое живееме

Популарната поп-пејачка Каролина Гочева на својот инстаграм-профил објави фотографија со голема симболика.

Фотографијата и зборовите што ја опишуваат предизвика бројни реакции и поддршка од нејзините колеги и обожаватели.

„Денов, месецов, годинава…“ напиша Каролина покрај црно-белата фотографија.

Популарно