(ВИДЕО) Време е за промена на политичкиот систем во Македонија

МОРО Работничка партија предлага да се промени политичкиот систем, кој Македонија ја направи најсиромашната држава во Европа.

Основна задача на МОРО Работничка партија е заштита на работниците, нивните права и стандард. Тоа е можно само со правилно вреднување на трудот, луѓето да се ценат и да заработуваат според нивното знаење, умеење и труд. ДА ЖИВЕЕ РАБОТНИКОТ Гласајте за МОРО Работничка партија – број 12.

Нухиу: Потпишани актите за албански јазик на полициските симболи

Агим Нухиу, министерот за внатрешни работи, на Фејсбук објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.

„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.

Нухиу го наследи Наќе Чулев на чело на МВР откако на овој му истече мандатот според договорот за техничка Влада, а оретходно министер беше Оливер Спасовски. Тој беше министер и по изборите во декември 2016 пред да се формира новата Влада.

Деветнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

По повод 19 години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година денеска пред нивното спомен одбележје во скопско Волково ќе биде положено цвеќе од делегации од општината и армијата.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје.

ВИДЕО: Апсење на таткото на прегазеното дете кај Градска болница

На социјалните мрежи се појави видео од приведувањето на неколку лица синоќа по тепачката меѓу две семејства пред болницата за хируршки болести Св.Наум Охридски во центарот на Скопје, меѓу кои и таткото на прегазеното дете.

Таткото на детето почнал да го тепа човекот што го прегазил, кој исто така бил повреден при сообраќајката. Настанала општа тепачка, откако пријатели на оној што го прегазил детето дошле да се пресметаат со неговиот татко кој физички го нападнал. Тепачката се префрлила и во Градска болница. Затоа морале да интервенираат и медицински екипи.

Детето не е во животно загрозувачка состојба и е надвор од животна опаснст.

Популарно