(Фото) Вереничката на Дарко Лазиќ покажа каде ужива пејачот

Фолкерот Дарко Лазиќ со поранешната сопруга, пејачката Ана Севиќ има ќеркичка Лорена, додека вереничката Марина му го донесе на свет синот Алексеј. Откако почна емотивна врска со Марина, таа не престанува да ја возбудува јавноста.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@inportana 👡💫

A post shared by Gagic Marina (@gagicmarinaofficial) on

Гагиќ стоеше цврст покрај него кога го минуваше најтешкиот период во својот живот. Тој пред речиси две години едвај извлече жива глава по страшна сообраќајка, која ја имаше.

Покрај тоа, што покажа дека е добра мајка, Марина имаше што да покаже и од физичкиот изглед. Таа ги „сервираше“ градите на кои дефинитивно никој не можеше да им одолее.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

this makeup 💥🔥 @dodjidatesminkam

A post shared by Gagic Marina (@gagicmarinaofficial) on

(Фото) Анастасија во „жешко“ издание ги засени сите во клуб!

Анастасија Ражњатовиќ замина на одмор во Будва, на црногорското приморје, каде што ужива во убавото време, бањањето и доброто друштво.

Таа постојано објавува фотографии на социјалните мрежи, но последното стори ги изненади нејзините фанови.

Погледнете како изгледаше во жешкото издание.

Анастасија објави слика на која таа и пејачката Ангелина биле уште деца, па ги изненади фановите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

No restraint 🌤

A post shared by 🔱 A N A S T A S I J A 🔱 (@raznatovicanastasija) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Close up

A post shared by 🔱 A N A S T A S I J A 🔱 (@raznatovicanastasija) on

(Фото) Погледнете како се буди Емилија Розман

Македонскиот модел, мисица Емилија Розман го имаше можеби најнеобичното и најчудно стапување во брак. И секако убедливо најкусо од познатите личности беше во врска со својот сегашен сопруг, Стефан Ангелкоски, кога за само 24 часа од двајца кои воопшто и не се познаваат станаа прво инстант љубовници, а потоа и брачна двојка. Имено, Розман откако го запозна својот партнер, преку ноќ се сврши и официјално стана мажена жена.

Емилија сето тоа го обзнани на социјалните мрежи, по што следуваше кусата  семејна веселба, повеќе свечен ручек за запознавање на семејствата,откако работата веќе беше завршена… И оттогаш штама. Госпоѓа „Розмантична“ ја снема од социјалните мрежи, се’ до вчера…

Но, со новиот ден, осамнаа и новите фотографии на „невестата“… И тоа онакви, какви што претходно Емилија неретко споделуваше: провокативни, кои ја скокоткаат јавноста и љубопитноста на сите што ги интересира приватноста на познатите. Но, за да не мораат да се распрашуваат и да се мачат да истражуваат и пребаруваат, Розман самата им приушти да ѕирнат во нејзината спална соба.

Имено, убавицата сподели две фотографии на кои таа е прилично раскомотена… Или поточно доволно провокартивна и асоцијативна за тоа како тазе невестата ги минува првите брачни ноќи.

На првата госпоѓа Розмантична, онака распослана на брачната постела, само во долна облека легната на стомачето уште еднаш го споделила сиот свој телесен раскош визуелно со јавноста… Во прв план покрај ангелскиот лик, она со што мајката природа ја надарила…

На втората фотографија Емилија во истите невестински гаќички пред отворената балконска врата во стоечка поза која на многумина им буди копнежи и им ја бранува фантазијата, а само на еден  му ја разубавува стварноста.

„Научив дека луѓето ќе заборават што сте кажале, луѓето ќе заборават на она што сте го направиле, но луѓето никогаш нема да заборават што сте направиле за да се почувствуваат вака или онака. Не смееме да дозволиме ограничените сфаќања на другите луѓе да не дефинираат“ – напишала Розман покрај фотографијата, а пораката… Кој ја разбрал – разбрал! Кој не, доволна му е фотографијата!

Првите денови во брачниот живот, особено ако тој започнува во исто време, паралелно со љубовната врска, се најслатки… Како првото сркнато лажиче од тукушто отворената тегла со медот, првата коцка од чоколадото или првата голтка уринско кафе…

А госпоѓа Розмантична и нејзиниот брачен партнер тукушто започнаа да „сркаат од медот“. Обично по бурната ноќ доаѓа слатко будење и опуштено утро, со единствено чувство од брачната постела.

За нејзиното задоволство само невестата си знае, ама она на тазе младоженецот е евидентно… Впрочем, споделените емотикони под фотографиите на разголената сопруга, најдобро говорат за „единственото чувство“… од спалната!  

Како беше она: „Кој си побарал, си земал…  И си добил“!

(Фото) Сара Мејс во невидено издание досега

Пред неколку месеци, пејачката Сара Меjс си постави предизвик да се врати во посакуваната физичка форма, односно онаа или барем приближно истата како пред да ја роди својата наследичка Илина.

Истрајна и упорна во намерата, Сара побара и помош од професионалци кои и овозможија разни третмани кои и помогнаа во слабеењето.

Македонската пејачка неодамна се соблече и првпат по породувањето покажа како изгледа во бикини и го покажа ефектот од третманите за слабеење.

Откако се соблече и го покажа своето згодно тело, сега Сара направи поза на плажа и покажа што знае и умее.

Имено, таа направи поза која не се гледа секој ден, а и пејачката па и ја немаме видено досега во вакво издание. Имено, легната на плажа, Сара направи „јога поза“ и ги крена нозете во „вис“, па покажа што може да направи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Reach for the sky... #R

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

Популарно