МАКСИМАЛНО ОСВЕЖУВА - Исецкана лубеница измешајте со една билка и ќе ве разлади за секунда

Нема ништо подобро од лубеница на лето, а напитокот од неа ќе ни ги олесни жешките денови. Се што ви е потрено е лубеница и малку нане и добивате пијалок кој сигурно ќе ве освежи. 

Потребни состојки ви се;

150 грама лубеница на коцки, без семки

6 гранчиња нане

5 чаши вода со мраз

Исецката лубеница ставете ја во бокал. Малку здробете ги листовите нане за да пуштат арома, па измешајте ги со лубеница. Потоа во бокал ставете ја водата со мраз и оставете да стои во фрижидер најмалку 2 часа пред конзумирањето.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно