Ова е еден од најздравите и највкусни појадоци, зашто во себе содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, го нормализираат метаболизмот и го зајакнуваат организмот.
Доколку го конзумирате извесен период секој ден не само што ќе ви ги прочисти цревата и целиот организам, туку овој појадок ќе ви помогне да го симнете салото около стомакот.
Безуслово го решава проблемот со мрзеливите црева и опстипација, согорува масни наслаги и ја нормализира телесната тежина.
По еден месец конзумирање на овој моќен коктел, лесно ќе загубите 3 до 5 килограми, а најголем дел околу стомакот.
За подготовка на појадокот потребно е – 300 мл кефир, 2 лажици овесни снегулки, 1 кафена лижичка сомелено ленено семе, 1 кафена лажичка какао во прав, 5-7 суви сливи.
Подготовка
Напомена: Појадокот се подготвува навечер за следниот ден.
Прелијте ги со малку зовриена вода (100 мл) сувите сливи. Поклопете ги и оставете ги да отстојат 5 до 10 минути. За тоа време во чинија ставете ги овесните снегулки, сомеленото ленено семе и какаото. Прелијте со кефирот и добро сè измешајте.
Сливите ситно исечкајте ги, а можете и да ги изблендирате во блендер, до состојба на пире, и додадете ги во претходната смеса. Добро измешајте и оставете го утрешниот појадок во фрижидер.
Наутро извадете го од фрижидер и уживајте во својот здрав и вкусен појадок. Резултатите набрзо ќе бидат видливи.