Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“ ќе се одржи следната седмица

Во текот на следната седмица, поточно од 28 септември до 3 октомври, ќе се одржи Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина“, кој е во заедничка продукција на НУ Театар Комедија и на Општина Аеродром.

,,Фестивалот на комедијата годинава се одржува малку подоцна, на поинаква локација и со малку подизменет концепт. Мора да истакнеме дека долго анализиравме дали воопшто да се одржи годинашново издание на Фестивалот или да се одложи за следната година. Сепак, одлучивме да го одржиме, но да е од ревијален карактер, со тоа што годинава ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. И локацијата на одржување на Фестивалот е сменета, бидејќи така налагаат протоколите, па овој пат тој ќе се одржува на фудбалското игралиште покрај детската градинка ,,Сонце“ во Реонски центар Аеродром.

Подготовките за овогодишното издание веќе привршуваат, а програмата на Фестивалот ќе биде објавена кон крајот на оваа седмица. Целата органзација и реализација се одвива во рамките на протоколите кои се одобрени од страна на Комисијата за заразни болести за организација на настани на отворено. Ќе бидат запазени сите мерки за безбедно следење на Фестивалот од публиката, како и за безбедноста на сите учесници. Задолжително ќе биде носењето заштитни маски, столчињата на кои ќе седи публиката ќе бидат распоредени на соодветно растојание, а ќе бидат спроведени и сите други мерки кои се во согласност со протоколите за одржување настани на отворено. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публика ќе бидат отворени од 19 часот. Како што споменавме, во текот на оваа седмица ќе ја објавиме целосната програма на Фестивалот, како и протоколот“ – истакнуваат од управата на Театар Комедија.

извор: Makfax

Последната порака на сестра Татјана

Почина сестра Татјана Атанасова, заедно со нејзината родена сестра и сестра Евхаристинка, сестра Леонија, објави, „Kатолици.мк“.

Сестра Татјана беше активна на социјалните мрежи каде што постојано упатуваше пораки со љубов и беше борец против промената на македонското име и идентитет.

Нејзината последна порака е упатена до македонскиот народ за користење на македонската азбука кирилицата.

Македонската азбука е кирилица!

Користете ја кирилицата секаде и секогаш кога го употребувате македонскиот јазик – напиша сестра Татјана во нејзината последна порака.

Како што објави „Католици.мк“, двете сестри починале во ист ден на 21 октомври по кратко боледување.

Сестра Леонија е погребана в среда 21 октомври на Католичките гробишта во Струмица.

Погребот на сестра Татјана е во четврток 22 октомври 2020 година на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје со почетокот во 13.30 часот.

Сестра Леонија долги години работеше во Очното одделение при Општа болница Струмица, додека с. Татјана го водеше Катедралниот хор во Скопје.

Крцкава пита со кулен и сирење

Вкусна крцкава пита од готови кори.

СОСТОЈКИ:

100 гр тенки кори

100 гр сирење

50 гр кулен

1 јајце

малку прашок за печиво

масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во лонец ставете малку топла вода и на врв на нож прашок за печиво и масло. Сирењето издробете го, додајте сечкан кулен и ставете јајце и се заедно изедначете. Една кора раширете на маса па премачкајте со вода и масло, преку неа уште една. Наредете, ставете фил, и свиткајте како што е приажано во видеото.

Редете во намастен плех и печете на 200 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Готви.мк

Го победи ковидот, а после 2 месеци почина!

47-годишен пациент од Блекпул, кој беше отпуштен од интензивна нега пред само два месеци, откако преживеа 60-дневна битка со коронавирусот, починал од последица на долготраен ковид.

Инженерот за вселенски летала Роел Рибаја беше примен во болницата Викторија на 29 мај, каде помина два месеци на интензивна нега, од кои 48 дена на респиратор.

Лекарите и медицинските сестри славеа кога тој ја напушти болницата во јули, бидејќи тој беше единствениот преостанат пациент од првиот бран на епидемијата.

- Бев сигурен дека ќе умрам. Како можете доволно  да им заблагодарите на луѓето што ви го спасија животот? - рече тогаш за британските медиуми.

Сепак, тој почина минатиот четврток, а неговата вдовица, медицинската сестра Стрела Рицио-Рибеја, откри дека тој всушност „никогаш не се опоравил“ од долгорочните ефекти на вирусот корона, за што малку се зборува.

Тој претрпе срцев удар во четвртокот, падна во дводневна кома и почина.

- Тој никогаш повеќе не беше ист. Тој се бореше за секој здив. Слушајте ги властите и следете ги мерките за спречување на овој вирус. Тој замина прерано. Не сакам повеќе никој да умре - истакна несреќната жена.

Нивниот близок пријател Марк Делабајан изјави дека семејството е во шок.

- Тој имаше долготране ковид. Неговото дишење никогаш повеќе не беше исто и не можеше да се качува по скалите. Тој беше вратен во болница неколку пати - рече тој и додаде дека причина за смртта е срцев удар, а во исто време страдаше од белодробна фиброза што се случи како резултат на респиратори.

Популарно