Д-р Кон: Ситуацијата сериозно ќе се влоши, ќе видите за 10 дена

Во Србија работното време на сите продавници, ресторани, кафулиња, обложувалници, клубови е ограничено на 23 часот, а синоќа во главниот град многу ресторани за брза храна биле отворени и по 23 часот, додека пред нивните шалтери имало долги редици.

„Она што мора да се каже е дека ситуацијата сериозно се влошува за нас, особено во Белград, не само што е неизвесна, туку оди во насока да стане неповолна“, истакна д-р Кон и додаде:

„Сите настани и секое кршење на мерките се манифестира за 10 дена, бидејќи потенцијалот на вирусот јасно се зголеми, така што тоа ќе се одрази на понатамошно влошување“, рече тој за „Блиц“.

"Време е повторно да се апелира за почитување на мерките, пред се за одржување на растојание и избегнување масовни собири. Носењето маска исто така се препорачува на отворено, ако не може да се обезбеди далечина. Носењето маска во затворено е апсолутно задолжително", нагласи д-р Кон.

Тој уште еднаш потенцираше дека работното време по 23 часот е дозволено исклучиво во аптеките и бензинските пумпи.

Уапсени поранешни српски војници поради сомнеж дека учествувале во нападот врз селото Велагиќи во 1992 година

Двајца поранешни припадници на војската на босанските Срби се уапсени денеска од полицијата по налог на Судот на БиХ, поради сомнеж дека учествувале во убиство на над 70 цивили од подрачјето на општина Кључ во 1992 година.

Тие се под истрага поради сомнеж дека на 1 јуни 1992 година учествувале во нападот врз селото Велагиќи, при што била заробена поголема група цивили, однесени пред зградата на основното училиште во селото, барале да се постројат и потоа пукале во нив.

Брутално биле убиени најмалку 78 цивили, чии тела потоа биле пренесени со камиони и закопани во масовна гробница, која е откриена и ексхумирана во 1996 година.

Двајцата уапсени се товарат дека извршиле кривично дело злосторство против човештвото.

Општината Кључ била под окупација на српски паравоени единици до септември 1995 година, кога е ослободена при заедничките акции кои ги спровеле Армијата на БиХ, ХВО и хрватската војска.

Каракачанов: Ако е потребно, ќе испратам полк во Скопје да ги отстрани спомениците

Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија во интевјуто за „Дарик радио“, го повтори ставот дека Македонија мора да се придржува до договорот што го потпиша пред три години, како и дека не треба да се потпише нов договор.

– Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија – рече Каракачанов.

– Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат – рече тој.

– Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават националниот празник на 11 октомври против таканаречениот „бугарски окупатор – рече Каракачанов во интервјуто.

– Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти – рече Каракачанов.

Тој вели историјата да остане сама до 1944 година. Ова грозоморно фалсификување во учебниците по историја мора да престане, потенцира министерот, како и дека историјата на Македонија до 1944 година е бугарска историја, ова е позицијата на нашата земја.

Од денеска Aрената во Белград пак е ковид-болница

Белградската арена од денеска е привремена болница, која може да прими 510 пациенти да се лечат од Ковид-19.

Медицинскиот директор на привремената болница потполковникот Предраг Богдановиќ рече дека во партерот има 360 легла, а на третата етажа, каде беа ВИП ложите, 150 легла.

Арената има и централен довод на кислород, па така пациентите можат да бидат приклучени на респиратор.

Во моментот во привремената болница работат 10 лекари и 20 медицински сестри кои ги чекаат првите пациенти.

За нив ќе се грижат медицински работници од 15 здравствени установи.

„Арената е планирана за пациенти со средна и средно тешка клиничка слика на кои им е епотребна кислородна терапија“, рече Богдановиќ за Танјуг.

Собите на галеријата главно се двокреветни, со бањи и имаат кујничка и телевизор.

Во партерот има 40 боксови со по девет лгла и заеднички тоалет.

Во Арената може да се обавуваат лабораториски анализи, снимање на градите и срцето.

За време на првиот бран Арената беше искористена за сместување пациенти, но кога се намали бројот на пациенти кои бараа болничко лекување, центарот беше затворен.

Популарно