(Видео) Како Карлеуша стана најпозната српска пејачка?

Раперката Карди Б на својот Инстаграм профил објави видео од настапот на Јелена Карлеуша, што го одржа во Охрид пред нешто повеќе од две недели, а со тоа очигледно даде до знаење дека ја следи нејзината работа.

Патем, познато е дека овие пејачи од два различни страни на светот имаат сличен пристап кон шоу-бизнисот и дека ова не е првпат американска раперка и хип-хоперка да објави нешто поврзано со Карлеуша или генерално, некоја холивудските ѕвезда да објави нешто поврзано со српската пејачка.

Имено, Карлеуша не крие дека ја следи и цени работата на славната раперка Карди Б, а малку е познато дека двајцата се во контакт. Како заклучок со Карди Б, ова е втор пат некој од Холивуд да зборува јавно за Карлеуша.

Едно време, Ким Кардашијан објави фотографија од Јелена на нејзината веб-страница, и таа ја рангираше меѓу жените кои ја инспирираат. Дури и популарната водителка Венди Вилијамс зборувала за Јелена за нејзиното ток-шоу, изјавувајќи дека Бијонсе копирала еден од нејзините стајлинзи. Потоа ја нарекла Карлеуша „Лејди Гага или Мадона од Србија“.

Пред неколку години, поточно во 2017 година, во пресрет на настапот во Детроит, Карлеуша била гостин на телевизијата Фокс 2. Пејачката и објаснила на водителката, која зјапалаво неа, дека Србите се специфичен народ – малку див, но и убав.

Таа додала дека Србија се обидува да го подобри својот имиџ во светот, поради што убави русокоси се испраќаат во Америка. Карлеуша ја опиша и нејзината музика и ги покани Американците да доаѓаат на нејзините настапи.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно