Д-р Предраг Кон: „Ако луѓето не сакаат да носат маски, тогаш одиме во карантин“

Епидемиолошката состојба во Србија ја објасни доктор Предраг Кон. Коментирајќи го извештајот на колега од Хрватска за драматичната состојба во таа земја, д-р Кон рече дека истото ја чека и Србија доколку не се почитуваат мерките.

“Гледаме што нè чека. Да не мислиме дека сме нешто посебно и дека нешто ќе не помине. Разликата е во тоа што ние веќе го имавме вториот бран, што се случува во Европа сега. Треба да бидеме попаметни и факт е дека не сфаќаме дека постои закана, постојано се вели дека сме во стабилна состојба, и сме во крајно несигурна и заканувачка состојба, Белград е веќе во неповолна ситуација и може да се случи следната недела да влезе во вонредна состојба“,вели д-р Кон.

Тој уште еднаш предупреди што можеме да се очекува ако не се почитуваат мерките.

“Сигурно дека ќе имаме хрватско сценарио со ваквото однесување, вие гледате бојкот на мерките тука. Медицинскиот дел од Кризниот штаб ми даде поддршка да изразам голема загриженост за целосно непочитување, не целосно, но големо – 50-60 проценти сепак ги почитуваат мерките. Ако немаме бариери , ја ослободуваме заразата. Маските не се задолжителни на отворено“, вели Кон.

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета.

„Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок.

Професорите упатија апел до надлежните институции да постапуваат совесно и одговорно во својата работа.

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Цетиње

Во Србија денеска е Ден на жалост поради убиството на 12 лица и ранувањето на четири лица во градот Цетиње, во јужна Црна Гора.

 Владата на Србија одлуката за Денот на жалост ја донесе на вчерашната седница на предлог на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Седницата почна со едноминутно молчење за жртвите од масовното убиство во Цетиње.

На 1 јануари вооружен маж застрела седум мажи, три жени, меѓу кои и сестра му, и две деца на возраст од 10 и 13 години во Цетиње, по што се застрела во главата и почина на пат кон болница.

Четворицата тешко ранети се во болница.

Комеморација на Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора

По повод масакрот што се случи на 1 јануари во Цетиње, кога беа убиени 12 лица, денеска во Владиниот дом во овој црногорски град се одржа комеморативна седница во чест на жртвите.

Комеморацијата започна со минута молчење за жртвите, по што беше нагласено дека ова е еден од најголемите предизвици кои ги погодиле Цетиње и Црна Гора.

Градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ, истакна дека со тагата која ги обедини сите, се собрале пред еден од најтешките предизвици што ја погодил заедницата.

– Уште една незапаметена трагедија ги погоди Цетиње и Црна Гора. Загубата на 12 животи не остави во шок и неверување. Особено боли загубата на двајца ангели, симболи на невиноста. Оставија празнина во нашите срца. Единствено што можеме е да изразиме искрено сочувство на семејствата и да им помогнеме во нивната болка, изјави Ѓурашковиќ.

Тој додаде дека ова не е само загуба за семејствата, туку и за целото општество.

– Сите треба да се запрашаме – зошто вакво нешто повторно се случи и зошто како општество го дозволивме тоа. Државата мора системски да реагира. Тоа им го должиме на жртвите и нивните семејства. Одговорноста мораме и сакаме јасно да ја бараме, подвлече Ѓурашковиќ.

На комеморацијата присуствуваа претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора Ервин Ибрахимовиќ, бројни министри од Владата на Црна Гора, претставници на локалната власт, како и членови на семејствата на трагично загинатите.

Во пукањето што се случи на 1 јануари во Цетиње, беа убиени 12 лица, а шестмина беа повредени. Напаѓачот, Ацо Мартинојевиќ (45), по крвавиот напад изврши самоубиство.

Поради трагедијата на Цетиње, во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост на 2, 3 и 4 јануари.

Популарно