Горан Белојевиќ: Лекот против вирусот е тука! Вирусот бега од него како ѓавол од темјан!

Професорот на медицинскиот факултет Горан Белојевиќ во јавноста познат како др. Масерати се појави со везир и објасни зошто смета дека пробиотиците се лек за к0вид-19.

„Јас тврдам веќе шест месеци дека оваа пандемија ќе заврши само со пробиотици. Нема да кажа дека сум единствен во свет, но тоа е мала група научници кои истото го зборуваат“, вели др. Горан.

„Постојат бактерии во нашите црве, односно една незамислива армија од која вирусот бега како ѓавол од темјан“, објаснува докторот.

„Еден човек се разболе тешко од ковид, се лекуваше 12 дена, а неговата сопруга пиеше пробиотици и не се разболе, а тие спијат заедно“, вели докторот.

Повеќе од интервјуто на познатиот српски доктор може да прочитате на овој ЛИНК.

Луѓето со оваа крвна група се поотпорни на Ковид-19

Луѓето со крвна група нулта негатив (0-) имаат 12 отсто помали шанси да се заразат со коронавирус во однос на сите останати крвни групи, покажало новото истражување.

Истото истражување покажува и дека е помала шансата дека негативните крвни групи (O-, A-, B- или AB-) ќе се заразат со вирусот во однос на позитивните - во просек, дури 21 отсто е помала шансата дека негативните крвни групи ќе се заразат.

Покрај тоа, луѓето со нулта негативна крвна група имаат и 13 отсто помали шанси да развијат тешки симптоми и 19 отсто е помала веројатноста да умрат од последици од вирусот.

Ова истражување го направил Институтот за клинички истражувања во Торонто, а истражувањето е спроведено врз 225.556 лица кои биле позитивни на коронавирус.

„Меѓу 1.328 пациенти инфицирани со ковид, најголемата веројатност за смрт има кај носители на крвните групи AB и B стои во заклучокот на ова истражување објавено во магазинот „Annals of Internal Medicine“.

Овие податоци се совпаѓаат со веќе спроведената студија во Кина, направена на пациенти во провинцијата Хубеи, каде научниците дошле до истиот заклучок.

Претходните студии од експерти од Универзитетот во Кил и Универзитетската клиника во Осло покажале дека луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од потежок облик на болеста.

Двојно е поголема веројатноста дека заразено лице со крвна група А ќе заврши на респиратор во однос на заразените со нулта (0) крва група. Крвните групи B и AB се некаде помеѓу, заклучиле тогаш научниците.

Престанете да ги правите овие грешки во одржувањето на личната хигиена

Одржувањето на хигиената е навика и нешто што на сите ни доаѓа природно да го правиме. Иако мајките нè имаат научено на основите како мали, подоцна сами развиваме специфични навики потпирајќи се на инстинктите и нашето знаење за тоа како треба да се бањаме, да миеме заби, да чистиме уши итн. Ќе се изненадите, ама овие грешки при одржување на хигиената ги прават многумина од нас.

1. Ставате премногу шампон. Обично е доволно околу ½ лажичка, секако зависно од должината и густината на косата.

2. Исто така пречесто ја миете косата, што предизвикува губење на нејзиниот сјај. Правете го тоа преку еден ден.

3. Ја користите луфата премногу долго. Нивната текстура собира бактерии, па затоа треба да ја менувате на секои 4 недели.

4. Ги чепкате ушите со стапчиња за уши. Но, тие всушност не се баш добри за ушите. Со нивна употреба, ушната маст ја туркате подлабоко во увото или пак премногу ја отстранувате, што пак може да предизвика инфекции. Затоа, замотајте парче тоалетна хартија околу прстот и така чистете си ги ушите.

5. Си ги миете забите во погрешно време. Миењето на забите веднаш после оброк ја оштетува глеѓта. Затоа, мијте ги забите 30 минути по оброкот.

6. Мислите дека е подобро да користите антибактериски сапуни? Обичните сапуни се подеднакво добри, сè додека правилно ги користите за да си ги измиете рацете. Тријте го сапунот во рацете барем 20 секунди пред да се исплакнете.

Кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите во корпа за отпадоци штом дојдете дома и да си купите нова“, појаснила Натерсон.

Носењето заштитна маска е задолжително, но треба да се знае разликата помеѓу „било каква маска“ и носење заштитна маска која што е „сигурна и ефикасна“.

Постојат неколку знаци кои што укажуваат дека заштитната маска треба да ја замените или пак да ја исперете. Маската се раширила или пак има видливи дупчиња - тие се ефикасни во одбрана од заразата само доколку се „валидни“.

„Доколку маската има видливи дупчиња или пак некој дел од неа се раширил, таа повеќе не е употреблива и ја губи својата функција на заштита“, вели педијатарот Кара Натерсон.

„Целта на маската е да даде физичка бариера за да се оневозможи влегувањето на вирусот или доколку сте заразени да не може да го пренесете Ковид-19 на другите луѓе“, додала таа и порачала дека дупчињата на маската овозможуваат да продре Ковид-19 во вас.

Доколку сте допреле потенцијално контаминирана површина, како на пример корпа или количка во маркетите, квака на врата, а потоа сте ја допреле заштитната маска тогаш таа е контаминирана.

„Што почесто сте надвор или пак поминувате време во гужви, почесто треба да ја перете заштитната маска или пак едноставно да ја замените со нова“, појаснила Натерсон.

Популарно