НОВ ЦРН РЕКОРД: Денес се регистрирани 1275 новозаразени од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 3331 тестирања, а регистрирани се 1275 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 519

-Куманово 70

-Штип 36

-Прилеп 75

-Тетово 85

-Струга 30

-Велес 47

-Битола 69

-Охрид 24

-Кавадарци 40

-Гостивар 55

-Гевгелија 22

-Струмица 39

-Крива Паланка 7

-Радовиш 15

-Крушево 2

-Кочани 20

-Пробиштип 13

-Демир Хисар 2

-Македонски Брод 5

-Берово 6

-Валандово 2

-Виница 8

-Делчево 7

-Кратово 12

-Свети Николе 6

-Кичево 34

-Ресен 6

-Неготино 19

Починати се 13 лица, еден пациент од Скопје (86г), еден од Штип (87г), четврорица пациенти од Прилеп (50, 65, 75 и 73г), еден од Тетово (71г), еден од Струга (31г), еден пациент од Битола (65г), еден од Охрид (82г), еден од Струмица (82г), еден од Кочани (72г) и еден пациент од Берово (76г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти од:

-Скопје 306

-Куманово 25

-Штип 17

-Прилеп 12

-Тетово 12

-Струга 9

-Велес 12

-Битола 14

-Охрид 28

-Кавадарци 6

-Гевгелија 12

-Струмица 17

-Крива Паланка 1

-Радовиш 3

-Кочани 11

-Пробиштип 4

-Демир Хисар 1

-Македонски Брод 1

-Свети Николе 2

-Кичево 5

-Ресен 3

-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 262.446 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36372, бројката на оздравени пациенти е 22526, на починати е 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно