Еден од најсигурните начини да дознаете дали сте имале коронавирус

Наједноставниот начин е да се тестирате за да проверите дали имате антитела на коронавирусот. Листата на симптоми на Ковид-19 е долга, но многу од случаите се асимптоматски преносители, што значи дека имаат Ковид, но не покажуваат никакви симптоми. Како значи дали сте имале Ковид-19?

Наједноставниот начин е да се тестирате за да проверите дали имате антитела на коронавирус. Доколку тие се присутни во вашето тело тогаш значи дека сте прележале коронавирус. Д-р Вилијам одговорил на некои од клучните прашања поврзани со клучни прашања за Ковид.

„Коронавирусот има прилично широк спектар на симптоми“.

„Некои од асимптоматските носачи не се ниту свесни дека имаат Ковид, некои луѓе имаат благи симптоми слични на настинка, а некои од луѓето имаат слични симптоми на грип, како грозница, болки во мускулите, отежнато дишење и кашлица. Губењето на сетилото за мирис и вкус исто така се симптоми за Ковид. Некои луѓе кои што ќе се разболат од коронавирусот и состојбата е сериозна треба да се хоспитализираат“, објаснува докторот.

Поради тоа што тешко е да знаете дали некој човек бил позитивен на коронавирусот, за оние кои што немале никакви симптоми, сите треба да се однесуваат одговорно. „Продолжете да правите тоа што сте го правеле досега - физичка дистанца, носење маски, миење на рацете“, вели д-р Хилман.

Биолог: Ковид-19 го скратува животниот век за две години

Поради коронавирусот, просечниот животен век на луѓето се намалува за 1,5-2 години, смета Анча Баранова, професорка на Одделот за системска биологија при универзитетот „Џорџ Мејсон” во Фејрфакс, Вирџинија, САД. Таа потсетува дека ковид-19 е болест од којашто човек може да се зарази повеќе од еднаш.

– Болест предизвикана од коронавирус, го скратува животот – во некои случаи, и значително. Сега се решава сериозното прашање за намалувањето на просечниот животен век на луѓето како вид. Во развиените земји (според статистичките податоци) просекот е намален за 1,5 – 2 години. Причината за ова е коронавирусот, рече Баранова.

Таа објасни дека ваков заклучок може да се донесе врз основа на статистички податоци за САД, но и дека и за Русија податоци нема значително да се разликуваат.

Претходно, биологот посочи дека можноста од заболување во Русија ќе се намали по надминување на прагот од 30 отсто вакцинирани луѓе.

– Повеќе од 14 милиони Руси се вакцинирани против коронавирус во Русија со првата инјекција, а околу 10 милиони се целосно вакцинирани со две дози. Вакцинацијата против коронавирусот во различни области на Русија се одвива на различни начини, а имунитетот на луѓето се очекува да се постигне до есенва, изјави рускиот вицепремиер Татјана Голикова.

Пациентите кои Ковид-19 го прележале дома имаат помал ризик од долготрајни последици

Пациентите кои коронавирусот го прележале дома имаат помал ризик од сериозни и долготрајни последици од заразата, покажува данска студија објавена во списанието „The Lancet Infectious Diseases“.

Пациентите кои морале да бидат хоспитализирани често по заздравувањето се жалеле на последици. Според податоците во анализата во која биле опфатени речиси 10.500 испитаници, 85,6 отсто од пациентите се лекувале дома.

Оние кои се прикажани во истражувањето, токму пациентите коишто коронавирусот го прележале дома имале понизок ризик од сериозни и долгорочни последици од заразата.

Истражувачите истакнале дека апсолутниот ризик од подоцнежните акутни компликации или пак хоспитализација на пациентите поради упорните и долготрајни симптоми кои се јавуваат од две седмици до шест месеци по прележување на болеста е многу низок.

Меѓутоа, тие истакнале дека таквите пациенти често го посетувале нивниот семеен доктор, што може да укажува на долготрајни симптоми коишто не резултираат со лекување со специфични лекови или пак со хоспитализација.

6 симптоми кои укажуваат дека со вашите бубрезите нешто не е во ред

Доколку ги забележите овие симтоми, најдобро би било да посетите доктор.

Бубрезите ги филтрираат токсините, па за општото здравје е многу важно тие да работат како што треба.

Раната дијагноза ги зголемува шансите за лекување, па поради тоа важно е да го слушаме своето тело и сигналите кои ни ги испраќа.

Кога бубрезите се загрозени, можат да се појават овие симптоми:

1. Отечени зглобови, стапала, лице

Собирање на течност во организмот е јасен показател дека нешто не е во ред со вашите бубрези поради тоа што тие се главните прочистувачи на течности кои се наоѓаат во организмот. Отекување на некои делови од телото може да укажува на проблеми со бубрезите.

2. Промена во урината

Произведување на урина е една од главните задачи на бубрезите, а секоја промена во бојата или мирисот на урината може да укажува дека нешто не е во ред.

Некои од промените може да се забележат, а тоа се:

- Уринирањето е болно

- Постојат траги од крв во урината

- Уринирањето станува ретко

- Се будите во текот на ноќта по неколку пати за да уринирате

3. Мачнини и повраќање

Кога бубрезите не ги исфрлаат штетните работи од организмот, може да се јави чувство на мачнини. Така телото наоѓа начини да ги исфрли токсините.

4. Постојано чувство на умор

На секој му се случува во текот на денот да биде уморен и слично, и тоа како последица на недоволна количина сон. Меѓутоа уморот некогаш може да биде предизвикан од недостаток на еритропоетин, хормонот кој го лачат бубрезите.

5. Анемија

И анемијата е поврзана со недостатокот на еритропоетинот поради тоа што тој хормон е клучен за произведување на црвените крвни зрнца. Доколку сте анемични, треба да го контролирате и здравјето на бубрезите.

6. Непријатен вкус во устата

Доколку вашите бубрези не ги филтрираат и не ги исфрлаат токсините, тие подоцна се акумулираат во вашето тело. Тоа може да предизвика вкус на метал во вашата уста, како и лош здив.

извор: tocka.mk

Популарно