Одличен избор за семеен ручек!
СОСТОЈКИ:
пилешки батаци
5 чешниња лук
сок од лимон
1 лажичка оригано
1 лажичка мајчина душица
1 лажичка црвена пипер
сол
бибер
80 мл маслиново масло
100 гр грчки јогурт
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте ситно сечкан лук, сок од лимон, оригано, мајчина душица, па додајте црвена пипер, 50 мл маслиново малсо и измешајте. Пилешкото извалкајте го во смесата и оставете да отстои околу два часа, за состојките да се соединат.
Направете сос: Грчки јогурт, 30 мл маслиново масло, сок од лимон измешајте и изладете.
Пропржете го месото и сервирајте со сос.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:
Готви.мк