Илон Маск откри колку ќе чини патувањето во вселената

Туристичките патувања во вселената се сѐ поблиску, барем ако може да му се верува на првиот човек на SpaceX, Илон Маск. Тој планира да ги направи туристичките патувања во вселената достапни за сите, или барем за најголемиот дел од заинтересираните.

Како што пренесува Space.com, Илон Маск планира да ја намали цената за патување во вселената од 152 милиони долари колку што чини сега, на само два милиони. И тоа, користејќи го леталото Starship кое има капацитет од 100 патници и може да се користи неколку пати.

Маск појасни дека стигнал до бројката од 2 милиони долари – 900 илјади за гориво и 1,1 милион за дополнителни трошоци поврзани со патувањето во вселената.

Но, иако Маск е на добар пат да направи ракета која може да се користи за неколку вселенски патувања, како што тоа го демонстрираше со капсулата Crew Dragon, сепак ќе мора да бидат исполнети уште цела низа на предуслови пред навистина да испрати луѓе кон вселената по пониска цена.

Маск инаку е познат по спектакуларните објави, но иако најчесто го остварува најавеното, често неговите планови „спектакуларно пропаѓаат“. Ќе видиме во која насока ќе оди оваа негова најава.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно