Не постои совршен брак, но некои брачни проблеми не треба да ги игнорирате

Факт е дека не постои совршен брак, порано или подоцна паровите се соочуваат со проблеми кои понекогаш е тешко да се надминат, па односот станува неподнослив. Ова се некои од проблемите кои се јавуваат во секој брак.

1. Осаменост

Најтешко е да се чувствувате осамено кога сте во врска или брак. Доколку ова чувство често се јавува треба да разговарате со партнерот и заедно да го надминете. Осаменоста може да биде знак дека не сте доволно отворени кон партнерот или дека вашите обиди да се поврзете со него не се оствариле како што посакувате.

2. Минување низ тешки ситуации

Некои брачни партнери се зближуваат, а некои се разделуваат кога ќе се појави одредена животна препрека или тежок момент. Тие предизвици за некои се тест за издржливост, за други се капка што ја прелива чашата. Понекогаш притисокот е преголем, како и одговорноста со која треба да се носат партнерите, па врската се распаѓа.

3. Стресот

Стресот е еден од најчестите проблеми во брачниот живот, а може да биде предизвикан од различни ситуации како семејни проблеми, финансиски тешкотии и слично. Стресот предизвикан од семејството може да биде поврзан со децата, проблеми со некој член од семејството и слично. Стресот и начинот како се справувате со стресот може да создаде повеќе стрес.

4. Досада

Досадата е многу потценет сериозен брачен проблем. Со текот на времето партнерот може да се досадува од врската, од монотонијата во брачниот живот и релацијата работа, деца, сопруг/а. Станува досадно бидејќи односот станал предвидлив. Еден пар може да прави исти работи секој ден со години без никаква промена, односно без некој предизвик. Нема спонтани моменти, врската е монотона и така досадата може да стане проблем. Особено ако еден од партнерите запознае интересна личност која ќе внесе свежина во неговата монотона ситуација на живеење.

5. Љубомора

Љубомората може да направи пекол од бракот. Ако имате работа со љубоморен човек тогаш справувањето со него е вистински предизвик. Љубомората е добра за секоја врска, но кога ќе ги надмине нормалните граници станува проблем. Таквите луѓе постојано го препрашуваат партнерот со кого зборува на телефон, зошто зборува со него, од каде го знае, колку долго се знаат и слично. Таквата врска ескалира во одреден момент со многу стрес кој става крај на таквата непродуктивна врска.

6 знаци дека имате добар сопруг

Каков треба да биде идеалниот сопруг? Вистинските жени знаат дека физичкиот изглед не е толку важен колку што е важен карактерот и неговото однесување. Овие знаци покажуваат дека имате добар сопруг.

Со него се чувствувате убаво

Со него никогаш нема да се чувствувате лошо. Без разлика дали станува збор за тоа дали се двоумите дали фустанот ви стои добро, дали размислувате како да ги завршите работните обврски или сте тажни – вистинскиот маж ќе ви помогне да се справите со сите ситуации и ќе ви покаже дека може да му верувате.

Добриот сопруг никогаш не се обидува да ве манипулира. Тој нема потреба да ве контролира каде и со кого излегувате кога не сте дома бидејќи ви верува.

Добриот маж нема ве спречи да ги остварите вашите сонови туку ќе ви помогне да ги реализирате. Ќе ви биде најголема поддршка, а по потреба и рамо за плачење. Нема да ви допушти да се откажете од вашите планови и идеи.

Не помислува на неверство – во неговиот живот има место за само една жена, а тоа сте вие.

Знае дека треба да имате време само за себе

Добриот маж знае дека за успешен брак е потребен компромис и дека секој од вас треба да има слободно време за себе. Тој ве поттикнува да минувате време со вашето друштво, да одите на концерт или да се занимавате со вашето хоби. 

Секогаш ви ги дава најдобрите совети

Ако го замолите за совет, ќе ви го каже своето мислење, но никогаш нема да ви го наметнува неговото и да ве тера да размислувате исто како него.

Стиснете ја оваа точка на телото, со причина ја нарекуваат „врата на рајот”

Симптомите на стрес се бројни и непријатни. Главоболки, дигестивни нарушувања, несоница и нервоза се некои од ситуациите кои можете да ги решите во само неколку минути со притискање на една точка.

Стресот е секојдневна појава, која повеќето од нас ја доживуваат. Освен нервоза, постојат многу физички симптоми, како што се главоболка, недостаток на енергија, пад на имунитетот, па дури и дигестивни нарушувања.

Кинескиот метод на третман познат како акупресура објаснува дека постојат одредени антистресни точки на човечкото тело, со чија стимулација телото се опушта и го ублажува стресот.

Една таква се вика Шен Мен, која во слободен превод значи „врата на рајот”.

Со притискањето на ова антистресно место се намалува стресот, се зголемува енергијата и се зајакнува имунитетот, ја ублажува болката. Точката се наоѓа на внатрешниот горен дел на увото, а со мало триење станува активна.

Еве како со масажа на точка Шен Мен можете да го опуштете телото и духот:

Со стапче за уво притиснете ја точката и нежно масирајте.

Дишете полека и длабоко, слушајте го вдишувањето и издишувањето.

Додека дишете, погледнете лево, а за време на издишување на десно, но без да ја вртите главата.

Постепено ќе се чувствувате како вашето тело се релаксира, симптомите на стрес ќе се намалат.

Совети:

Точката можете да ја масирате и со врвот на прстите.

Масирајте ја точката секогаш кога чувствувате дека сте под голем стрес

Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден пред спиење.

Жените “паѓаат“ на овие три работи кај мажите

Иако секој човек има свои карактеристики, длабокиот глас, висината и брадата често се издвојуваат како клучни фактори кои ги привлекуваат жените на прв поглед.

Често се вели дека вкусовите не се за дебата. Сепак, што е тоа што го привлекува вниманието на жените кога првпат ќе запознаат маж? Дали се тоа рамената, очите, рацете или можеби целиот изглед?

Многу жени тврдат дека првиот впечаток често го одредува гласот. Особено кога мажот има длабок, речиси доминантен глас. Тие се убедени дека гласот може целосно да ги засени сите други карактеристики на мажот.

Што е уште поинтересно, жените тврдат дека убавиот тон на глас може значително да го трансформира првиот впечаток за мажот. Мажите со подлабок глас предизвикуваат впечаток на моќ и сексипилност, оставајќи впечаток на самодоверба.

Но, постои уште едно оружје кое датира со векови наназад – висината на човекот. Жените се чувствуваат побезбедно со повисоки мажи. Универзитетот во Јута спроведе студија која покажа дека повисоките мажи почесто се грижат да ги заштитат другите отколку пониските мажи.

Ако длабокиот глас и висина ги надополниме со брада, добиваме неодолива комбинација.

Бројни студии покажуваат дека повеќето жени сè уште претпочитаат брада отколку избричено лице.

Популарно