Почина проф. д-р Драгослав Младеновиќ – дигестивен хирург во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски

Денеска, во околу 17 часот почина професор доктор Драгослав Младеновиќ.

Професор доктор Драгослав Младеновиќ е роден во 1956 година. Целиот свој живот го помина во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, како дигестивен хирург.

Тој е автор на стручни трудови, учесник на конгреси и симпосиум, едукатор и ментор на специјализанти и докторанти во област на хирургијата.

Колективот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ информира дека починал нивниот колега, професор д-р Драгослав Младеновиќ.

-Денеска околу 17 часот не напушти нашиот драг и почитуван колега професор д-р Драгослав Младеновиќ. Целиот свој работен век тој го помина во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје. Беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, автор на бројни трудови од областа на дигестивната хирургија и учесник на бројни конгреси и симпозиуми во земјата и странство, соопштуваат од болницата.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно