Симптоми кои никако не треба да ги игнорирате

Згрутчување на крвта може да биде исклучително опасно по живот, се шири од крвотокот низ целото тело и може да ги нападне срцето, мозокот и другите органи и да доведе до фатален исход. Кога згрутчување на крвта ги затнува артериите, мозокот, срцето и белите дробови престануваат да примаат кислород, што резултира во прекин или мозочен удар. Иако повеќето случаи можат да се спречат, згрутчување на крвта (тромб) е сериозен проблем на јавното здравство што убива стотици илјади возрасни секоја година. Овие симптоми се знак дека е време да се јавите на лекар:

Кога се формира тромб во рацете и нозете, длабоко под кожата, се нарекува длабока венска тромбоза. Ова е опасно затоа што тромбот може да патува од срцето до белите дробови. Длабока венска тромбоза може да се појави ако не сте се движеле долго време.

Што е тромб и како да спречите негово појавување?

Овие симптоми се аларм:

Оток: ова може да се случи на истото место каде што се развива тромб или на целата нога или рака.

Промена на бојата: Може да забележите дека рацете или нозете се црвени или сини.

Болка: Бидејќи состојбата се влошува, ќе почувствувате поголема болка. Сензацијата може да варира од досадна болка до интензивна болка.

Тешко дишење: Ако тоа се случи, тоа може да значи дека згрутчувањето се преселило од раката или ногата на вашите бели дробови. Може да се појави и силна кашлица или крв при кашлање.

Грчеви во долниот дел на нозете: Ова чувство се јавува ако има тромб во ногата.

Зошто постојано се чувствуваме уморни и исцрпени иако спиеме доволно?

Константниот замор е нешто што може многу да го исцрпува нашиот организам и се случува дури и кога сме наспиени. Сонот не е единствен фактор кој ни дава енергија за секојдневните активности.

Навидум неважни работи како хормоните, исхраната и кондицијата играат голема улога во создавањето на замор на нашето тело.

Еве како тие можат да влијаат врз нашиот организам:

Кафето е одличен извор на антиоксиданси, но кога премногу се конзумира, телото се навикнува на него. Смалувањето на количината на кафе која се внесува може да резултира со смалување на заморот наутро.

Иако хормоналниот дисбаланс е вообичаена работа, тешко се открива и лечи. Надбубрежните жлезди лачат хормони и ако сме под стрес тие функции ја губат рамнотежата.

Тешко ли е да пиете по малку вода во текот на денот? Уморот е директна последица од дехидрацијата на организмот.

Повеќе физички активности = повеќе енергија

Ако работата не ви е многу далеку, пробајте да не употребувате автомобил и малку да пешачите. Сигурно ќе ги почувствувате резултатите. Не мора ни да споменуваме колку е важно конзумирањето на овошје и зеленчук.

Смирете го воспалението на синусите за неколку секундни

Воспалението на синусите настанува кога тие се исполнети со слуз и течност, кои често се контаминирани со бактерии.

Симптоми на воспалението може да бидат силни главоболки, губење на сетилото за мирис, кашлање, замор, треска, течење на носот и болки во носната празнина.

За среќа, постои домашен пијалак кој ќе ви помогне да ги смирите симптомите на воспалението. Се прави од половина чаша вода за пиење, 1/4 чаша јаболков оцет, една лажичка мед, една лажичка црвен пипер за готвење и еден исцеден лимон.

Водата прво треба да проврие. Потоа додадете го јаболковиот оцет и оставете да се излади. Потоа додадете ги пиперот и медот, измешајте и на крај во смесата додадете го цедениот лимон. Измешајте добро. Пијте наутро пред појадок и навечер пред спиење. Состојките се за една доза, која се пие наеднаш. Пијте го пијалакот неколку денови или по потреба.

Кинеската вакцина против Ковид 19 е ефикасна во 78 отсто од случаите

Вакцината против ковид-19 на кинеската компанија „Синовак“ е ефикасна во 78 отсто од случаите, покажаа резултатите од испитувањето во Бразил.

Во испитувањето учествуваа над 12.000 здравствени работници, од кои 169 примиле плацебо. Кај испитаниците не се забележани негативни нус појави.

Властите во бразилската сојузна држава Сао Паоло набавија вакцини од „Синовак“ и бараат од федералните власти итно одобрување за нејзина употреба. Државата Сао Паоло со 46 милионско население планира да почне вакцинација на 25 јануари.

Кинеската компанија „Синофарм“ минатата недела објави дека нејзината вакцина против ковид-19 е ефикасна во околу 79 отсто од случаите.

Во Бразил од последици од новиот коронавирус починаа речиси 200.000 луѓе, со што земјата е на второ место по смртни случаи во светот, по САД, каде починаа околу 360.000 лица.

И Турција минатиот месец ја испитуваше вакцината на „Синовак“, при што се покажа ефикасна во над 90 проценти.

Популарно