Видете го трикот на Гордон Ремзи за совршени палачинки

Славниот британски готвач признава дека тајната на добрите палачинки се крие во добриот рецепт за смесата, како и правилниот начин на мешање на млекото.

Во својот кулинарски арсенал, Ремзи има над 10-тина различни рецепти за подготовка на палачинки – од оние традиционалните, слатки и солени до разни зачински фантазии од јајца, брашно и млеко со егзотични додатоци како куркума, ѓумбир и кокос. 

Успешноста на тие комбинации сепак зависи од доброто тесто за палачинки. Познатиот британски готвач признава дека совршената смеса се постигнува со тоа што сите состојки треба да ги мешате со маталка, а млекото треба постепено да го додавате во другите состојки.

Потребни состојки:

- 125 гр. брашно

- 2 јајца со средна големина

- 300 мл. млеко

- прстофат морска сол

- 1 лажица растопен путер

Начин на подготовка:

1. Помешајте го брашното со солта.

2. Изматете ги јајцата со маталка.

3. Во средина на брашното направете дупка, па додајте ги јајцата и растопениот путер.

4. Полека додавајте го млекото во смесата со една рака, а со другата мешајте со маталка.

5. Оставете го тестото малку да отстои.

6. Загрејте ја тавата, додајте неколку капки масло и пржете ги палачинките на вообичаен начин.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно