Сакате да ги избелите забите, а не можете да си дозволите посета на стоматолог - погледнете што ви е потребно

Кога се работи за разубавување, секогаш е подобро да користиме природни препарати, не содржат штетни хемикалии, евтини се , а често се и поделотворни од купечките.

За оваа пасти ни е потребно :

  • 2 лажици сода бикарбона
  • 1 лажица сушена, ситно мелена жалфија
  • половина лажица морска сол
  • 15-20 капки есенциално масло од пеперминт

Подготовка :

Сите состојки се мешаат во мал сад. По миењето на забите со стандардна паста, натопете ја четката за заби во оваа мешавина, почекајте една минута, и потоа измијте ги.

Предноста на овие состојки : Жалфијата во многу култури традиционално се користи за одржување на здрави заби и избелување. Сода бикарбоната полира и ги отстранува дамките. Маслото од пеперминт го освежува здивот, а исто така има и антисептичко и антибактериско дејство. Морската сол е полна со здрави минерали, кои посебно помагаат кај осетливи непца. Совршената и здрава насмевка ви е загарантирана !

Зошто постојано се чувствуваме уморни и исцрпени иако спиеме доволно?

Константниот замор е нешто што може многу да го исцрпува нашиот организам и се случува дури и кога сме наспиени. Сонот не е единствен фактор кој ни дава енергија за секојдневните активности.

Навидум неважни работи како хормоните, исхраната и кондицијата играат голема улога во создавањето на замор на нашето тело.

Еве како тие можат да влијаат врз нашиот организам:

Кафето е одличен извор на антиоксиданси, но кога премногу се конзумира, телото се навикнува на него. Смалувањето на количината на кафе која се внесува може да резултира со смалување на заморот наутро.

Иако хормоналниот дисбаланс е вообичаена работа, тешко се открива и лечи. Надбубрежните жлезди лачат хормони и ако сме под стрес тие функции ја губат рамнотежата.

Тешко ли е да пиете по малку вода во текот на денот? Уморот е директна последица од дехидрацијата на организмот.

Повеќе физички активности = повеќе енергија

Ако работата не ви е многу далеку, пробајте да не употребувате автомобил и малку да пешачите. Сигурно ќе ги почувствувате резултатите. Не мора ни да споменуваме колку е важно конзумирањето на овошје и зеленчук.

Смирете го воспалението на синусите за неколку секундни

Воспалението на синусите настанува кога тие се исполнети со слуз и течност, кои често се контаминирани со бактерии.

Симптоми на воспалението може да бидат силни главоболки, губење на сетилото за мирис, кашлање, замор, треска, течење на носот и болки во носната празнина.

За среќа, постои домашен пијалак кој ќе ви помогне да ги смирите симптомите на воспалението. Се прави од половина чаша вода за пиење, 1/4 чаша јаболков оцет, една лажичка мед, една лажичка црвен пипер за готвење и еден исцеден лимон.

Водата прво треба да проврие. Потоа додадете го јаболковиот оцет и оставете да се излади. Потоа додадете ги пиперот и медот, измешајте и на крај во смесата додадете го цедениот лимон. Измешајте добро. Пијте наутро пред појадок и навечер пред спиење. Состојките се за една доза, која се пие наеднаш. Пијте го пијалакот неколку денови или по потреба.

Кинеската вакцина против Ковид 19 е ефикасна во 78 отсто од случаите

Вакцината против ковид-19 на кинеската компанија „Синовак“ е ефикасна во 78 отсто од случаите, покажаа резултатите од испитувањето во Бразил.

Во испитувањето учествуваа над 12.000 здравствени работници, од кои 169 примиле плацебо. Кај испитаниците не се забележани негативни нус појави.

Властите во бразилската сојузна држава Сао Паоло набавија вакцини од „Синовак“ и бараат од федералните власти итно одобрување за нејзина употреба. Државата Сао Паоло со 46 милионско население планира да почне вакцинација на 25 јануари.

Кинеската компанија „Синофарм“ минатата недела објави дека нејзината вакцина против ковид-19 е ефикасна во околу 79 отсто од случаите.

Во Бразил од последици од новиот коронавирус починаа речиси 200.000 луѓе, со што земјата е на второ место по смртни случаи во светот, по САД, каде починаа околу 360.000 лица.

И Турција минатиот месец ја испитуваше вакцината на „Синовак“, при што се покажа ефикасна во над 90 проценти.

Популарно