(Видео) Мајка открила трик за чистење на машината за перење алишта

Пробајте го овој трик и верувајте, ќе бидете задоволни… Чистењето на машината за алишта е повеќе од потребно бидејќи во самата внатрешност се таложат голем број на бактерии, бигор, каменец и остатоци од омекнувачот.

Токму затоа, не смеете да заборавите внатрешниот дел од машината за алишта барем еднаш месечно детално да го исчистите.

Една мајка на ТикТок сподели трик кој не само што совршено ја чисти вашата машина, туку ги намалува и шансите облеката да се оштети при перење, пренесува Дејли Мејл.

– Најпрвин, целиот внатрешен дел избришете го со крпа и мешавина од алкохолен оцет и пет капки есенцијално масло од чајно дрво.

– Потоа, испразнете го филтерот од пумпата и измијте го со топла вода и детергент за миење на садови. Филтерот треба редовно да го чистите бидејќи во него може да се заглават некои предмети, како чорапи, марамче, парички и други предмети кои заедно со алиштата одат во машината.

– Додадете средство за чистење по избор во машината и уклучете ја на 40 степени.

– На крајот отворете ја вратата од машината за добро да се исуши.

Погледнете ја целосната постапка во видеото:

@mama_mila_

How to deep clean your washing machine ✨ ##cleaninghacks ##cleaningtips ##cleanhome ##deepclean

♬ Celebrate the Good Times - Mason

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно